Неколку работи со кои не треба да се оптоварувате во младоста
Стресот е неизбежен дел од живеењето на секој млад човек, но еве кои се работите за кои 20(и нешто)-годишниците не треба да се вознемируваат.
Минатите случувања
Она што се случило во минатото не може да се смени. Нема потреба да се сосредоточувате на нешто што веќе поминало. Најдобро што може да направите е да учите од грешките и вашето минато, позитивно да влијае на она што допрва треба да се случи.
Успехот на другите
Не ја споредувајте вашата економска моќ со онаа на соседите или другарите. Можеби им завидувате на цимерите што можат да трошат повеќе од вас или не можете да си дозволите да излегувате толку често колку нив, но сепак не треба да се фокусирате на туѓите животи, туку единствено на својот.
Озборувањето
Луѓето кои немаат доволно исполнет живот се оние кои најмногу имаат време за озборување. Ако вие сте задоволни од себе и својот живот, нема зошто да се преоптоварувате со нечиј друг. Следете го вашиот пат и не губете време за целите на другите.
Очекувањата на семејството
Секако дека сакате да им причините радост на родителите. Тоа се луѓето кои секогаш биле покрај вас и ве поддржувале емоционално и финансиски во сѐ што сте правеле. Но, факт е дека тие припаѓаат на друга генерација и имаат различно сфаќање за тоа што е успех. Не се грижете ако сега тие не ги разбираат вашите мотиви и цели, на крајот сепак ќе ве поддржат во нивното остварување.
Споредувањето со другите
Треба единствено да правите споредба помеѓу вие сега и вие во минатото. Ако нешто не ви се допаѓа кај вас, потрудете се тоа да го смените, а не само да се споредувате со другите. Споредувањето со другите нема да смени ама баш ништо.
Што бившиот/бившата мисли за вас
Бившите се дел од минатото и надвор од вашиот сегашен живот. Нема потреба да се мачите што мисли некој/а што повеќе нема никаков контакт со вас. Ако постојано сте преокупирани со нив, никогаш нема да одите напред.
Каде ќе бидете за 10 години
Секако, важно е да се планира иднината, но никој не може да знае што точно ќе ни се случи за десетина години. Можеби ќе ви си случи токму нешто за кое никогаш не сте размислувале и не сте го планирале. Па затоа, сосредоточете се на сегашноста и искористете ја на најдобар можен начин.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
🙂