Неколку начини да го избегнете јадењето во доцните часови

Неколку начини да го избегнете јадењето во доцните часови

Повеќето луѓе имаат навика да јадат доцна навечер, кога седат пред телевизија или пред компјутер. Но, сите знаеме дека јадењето доцна и особено пред спиење е штетно, пред сѐ поради тоа што доведува до зголемување на телесната тежина што е штетна од повеќе аспекти. Доколку и вие сте од оние што имаат навика да јадат што било пред легнување, еве неколку начини кои ќе ви помогнат да го избегнете копнеењето по храна.

Неколку начини да го избегнете јадењето во доцните часови

1. Препознајте кога сте само стрвни

Наместо да посегнувате по слатки работи секоја вечер, обидете се да сфатите по која храна најчесто копнеете по вечерата и дали ви е само навика.

2. Јадете повеќе протеини

Ноќното посегнување по храна може да биде начин вашето тело да ви каже дека не сте јаделе доволно. Консумирањето екстра протеини со вашиот последен оброк може да ви помогне да го елиминирате чувството на глад подоцна.

3. Пијте чаеви од билки

Ако имате обичај да јадете ужина после вечерата, обидете се да ја замените со чаша чај. Ова е и одлична можност да се опуштите пред спиење и да ги отстраните мислите за храна.

4. Пешачете

Кога ноќта ќе почувствувате глад, избегнете го искушението и отидете на прошетка. Свежиот воздух и лесните вежби ќе ви помогнат да ги тргнете мислите за дополнителна ужина, а и подобро да заспиете.

5. Спијте повеќе

Кога не спиете доволно, вашето тело може да одговори на тој начин што ќе чувствувате глад. Истражувањата покажуваат дека луѓето коишто спијат помалку имаат поголема веројатност да направат полош избор на храна.

6. Но, доколку морате да јадете, нека биде тоа здраво!

Ако морате да јадете нешто, бидете сигурни дека пред себе имате здрав оброк. Ви треба солено? Земете си пуканки. Ако пак имате желба за нешто благо, одберете некое овошје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар