Неколку начини да го искористите пивото, освен за пиење
Пиво – пијалак кој е обожуван и од жените и од мажите.
Еве неколку начини како да го употребите пивото во секојдневното живеење, ако не го пиете.
Полирање на мебел и покуќнина
Замислете колку би било поинтересно ако чистите по дома со пиво. Тогаш, домашните обврски нема да ви претставуваат потешкотија, нели? Пивото е одлично за полирање на дрвенарија. Тоа на дрвото му дава сјај и здрав изглед.
Купка од пиво
Сон на секој маж. Во полна када со топла вода, ставете неколку конзерви пиво. Верувале или не, ова е одлично за вашата кожа, ако се земе предвид дека квасецот е основна состојка во пивото. Тоа ја измазнува кожата и ја прави сјајна.
Маринада
Бифтекот ќе биде многу посочен ако еден ден отстои во маринада од пиво. Не само што месото ќе биде повкусно, туку и многу меко.
И помага на тревата да расте побрзо
Ставете малку пиво на оние места од вашиот тревник кои се исушени и со кафена боја. Тревата ќе ги апсорбира хранливите материи и шеќерот и ќе порасне побрзо.
Уништува полжави и штетници
Наполнете една конзерва со 1/4 пиво. Конзервата закопајте ја во земјата во вашата градина. Штетниците ќе се опијат од мирисот и ќе се удават.
Стапица за глувци
Наполнете една кофа со евтино пиво. До кофата ставете една штица како би можеле глувците да се искачат до кофата. Тие ќе се намамат од миризбата и ќе се удават во кофата со пиво.
Го смирува стомакот
Ова ќе ви се допаѓа најмногу. Седнете и напијте се пиво. После кратко време, вашите болки во стомакот ќе се смират. Алкохолот ќе ја намали болката. Важно: Овој совет не го земајте предвид ако имате гастритис или чир.
Полирање на злато
Намокрете парче ткаенина со пиво и почнете да го триете парчето злато (прстен, синџирче, брош) додека не видите дека почнува да сјае. Ова не го употребувајте ако има вметнати скапоцени камења во накитот.
Гответе со пиво
Во пиво можете да готвите ракчиња. Тие ќе ја задржат нивната свежина и ќе бидат крцкави.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
ova e bas cool naj dobo e toa za vo banjata
Еи, тапа, веќе кога сум зела пиво ќе го пијам, за друго нема потреба 😀
Pivoto e dobro namesto lak za kosa,a i go hrani vlaknoto!Probajte,nema da zazalite.