Не започнувајте врска додека не го запознаете оној кој ќе биде вашето засолниште

Не започнувајте врска додека не го запознаете оној кој ќе биде вашето засолниште

Останете сингл додека не го запознаете човекот кој нема само ноќите да ги поминува со вас, туку ќе ги дочекува и утрата будејќи се покрај вас. Останете сингл додека не ја запознаете личноста која ќе може да ве прочита подобро од сите останати. Личноста која ќе може да ве погледне и без да изустите ниту еден збор да дознае како ви поминал денот. Личноста која ќе може да ја препознае глумата што му ја продавате на светот и ќе знае кога да ве прегрне.

Не започнувајте врска додека не го запознаете оној кој ќе биде вашето засолниште

Не започнувајте врска додека не го запознаете човекот со кого ќе остварите неверојатна поврзаност која нема да можете никому да ја објасните. Само вие ќе знаете дека станува збор за чувство што ве исполнува и ве соединува во целина.

Не започнувајте врска додека не го запознаете човекот кој целосно ќе ве пушти да влезете во неговиот свет. Не плашете се, дури и да станува збор за место коешто не е секогаш пријатно и весело. Останете покрај него кога ќе ви ги открие најголемите стравови, најмрачните мисли и најлошите денови. Таа личност ќе ви ги покаже сите нејзини недостатоци и маани, а вие сепак ќе ја сметате за прекрасна.

Останете сингл додека не го запознаете човекот кој ќе го распламти вашиот оган и кој ќе ве држи за рака додека ги остварувате вашите соништа. Секогаш кога ќе го погледнете, ќе знаете дека тој верува во вас и вашите способности.

Останете сингл додека не ја запознаете личноста која ќе ве научи дека грешките не ве дефинираат. Вашите несигурности не го одредуваат вашиот идентитет. Оваа личност ќе го извлече најдоброто од вас и ќе ви покаже дека сте посилни одошто мислите.

Останете сингл додека не го запознаете човекот кој ќе ги сруши сите ѕидови што некогаш сте ги изградиле. Човекот кој ќе ве повлекува назад секогаш кога ќе се обидете да го оттурнете од себе. Оној кој ќе ја излечи сета болка што сте ја криеле толку долго време.

Не започнувајте врска додека не го запознаете човекот кој нема да сака да бидете совршени, бидејќи ќе знае дека вашите недостатоци совршено ве надополнуваат и ве прават посебни. Не започнувајте врска додека не ја запознаете личноста чие расположение ќе стане ваше. Нејзината среќа ќе биде ваша. Нејзиниот успех ќе стане ваш. Личноста чии неуспеси и тага ќе можете да ги почувствувате како да се ваши.

Не започнувајте врска додека не го запознаете човекот кој ќе ја помни секоја ситница што ќе ја споделите, дури и да не се сеќавате дека воопшто сте го кажале тоа некогаш. Не започнувајте врска додека не го запознаете човекот кој ќе го уништи вашиот страв од двата магични збора што толку вешто сте ги одбегнувале во минатото.

Не започнувајте врска додека не го запознаете оној кој ќе ви помогне да сфатите дека домот не е место туку личност, а таа личност засекогаш ќе стане вашето засолниште.

Прочитајте и како да знаете кога станува збор за вистинска љубов.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар