Не сте сигурни дали ги исклучивте пеглата или шпоретот? Овие трикови ќе ви помогнат да се потсетите
Колку пати ви се случило да излезете од дома и да не сте сигурни дали сте ги исклучиле пеглата или шпоретот? Поради многуте обврски, ги забораваме најосновните работи. Меѓутоа, ако не можете да се сетите дали сте ги исклучиле пеглата или шпоретот, тоа е затоа што тие постапки се автоматски, па за да ги запомните, треба да кажете на глас: „Ја исклучив пеглата“. На тој начин ќе памтите подобро.
Повеќето луѓе забораваат поради навиките. Ако сте биле под стрес во последно време, веројатно ќе забележите дека памтите помалку, а продуктивноста и фокусот не се на завидно ниво.
Во тоа може да ви помогне времето поминато со себе, како пешачење, медитација и слушање музика.
Важно е да имате вистински мир, па ако навистина сакате да се „исклучите“, оставете го телефонот дома и целосно посветете се на себе – пешачете или медитирајте најмалку половина час. Сите активности со кои мозокот се одмора ви помагаат да памтите подобро.
Исто така, недостатокот на сон може да влијае на помнењето и на здравјето затоа што за време на спиењето, вашиот мозок ги организира информациите.
Сетете се на клучевите и имињата
Ако често го заборавате името на личноста што сте ја запознале, кажете: „Мило ми е Марко, јас сум Ана“.
Повторувајќи го името, го стимулирате мозокот да запомни. Исто така, ако не знаете каде ги оставивте клучевите откако ја заклучивте вратата, повторете „клучот е во предниот дел на чантата“ откако ќе ги ставите таму.
Пинови и родендени
Ако често ги заборавате ПИН-кодовите и лозинките, имајте на ум дека мозокот не е „програмиран“ да памти такви податоци. Таквите информации остануваат во мозокот кратко време бидејќи се здодевни за него. Ако не се потрудите да ги запомните ПИН-кодовите и лозинките, мозокот нема да го стори тоа сам.
На таквите „здодевни“ информации треба да им додадете нешто важно што ќе ве натераат да се сетите. Ако роденденот на вашиот пријател е на 10 февруари, запомнете дека е четири дена пред Денот на вљубените.
Ако заборавите зошто влеговте во собата, визуализирајте што ви треба пред да влезете.
Ако наутро се сетите дека мора да купите млеко кога ќе се враќате дома, замислете дека пиете или го додавате во кафе. Изговорете „запомни“ – овој збор функционира подобро од „не заборавај“.
10-те работи што најчесто ги забораваме:
- да одговориме на пропуштен повик
- да одговориме на е-пошта
- имиња на луѓе
- да честитаме роденден
- да го наполниме мобилниот телефон
- да ги навадиме цвеќињата
- да одговориме на пораката
- да го земеме клучот од станот
- да ги земеме испечатените листови
- годишнина од брак или врска
Што друго помага за подобро помнење?
- Редовно вежбање
- Храна како брокула, лосос и спанаќ
- Принципот на „правење на работите една по една“ – ако правите премногу работи одеднаш, тоа ѝ пречи на концентрацијата.
Прочитајте како никогаш повторно да не заборавите важни информации.