Не смеете да го занемарувате: Главен симптом на недостаток на цинк во организмот

Не смеете да го занемарувате: Главен симптом на недостаток на цинк во организмот

Телото на различни начини предупредува за недостатокот на важен минерал за бројни функции во телото, но сепак, еден необичен симптом е клучен знак дека ви недостасува цинк.

Не смеете да го занемарувате: Главен симптом на недостаток на цинк во организмот

Цинкот е важен минерал неопходен за многу функции во телото, вклучувајќи го и имунолошкиот систем, згрутчувањето на крвта и правилното функционирање на тироидната жлезда.

Покрај тоа, цинкот промовира нормален раст и развој за време на бременоста, детството и адолесценцијата. Меѓутоа, често се јавува недостаток на овој минерал, што го ослабува извршувањето на основните функции во телото.

Неколку различни симптоми може да укажуваат на недостаток на цинк во телото, но еден од нив не треба да се игнорира.

Според лекарите, станува збор за бавното зараснување на раните.
Во случај на гребаница, крвта ни се згрутчува на најбрз можен начин. Згрутчувањето на крвта е функција во телото која спречува инфекции при помали повреди и го намалува ризикот од крварење при поголеми повреди.

Кога имаме проблем со недостаток на цинк, ослабениот имунолошки систем може да доведе до побавно зараснување на отворените рани бидејќи цинкот е токму она што му треба на нашето тело за обновување на кожата.

Други симптоми кои може да укажуваат на недостаток на цинк се акни, проблеми со спиењето, болки во стомакот и дијареа, проблеми со слухот или видот и губење на косата.

Откако прочитавте за симптомите на недостаток на цинк во организмот, можеби ќе сакате да прочитате и колку милиграми цинк треба да се внесуваат секој ден за здрав имунитет.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар