Не смеете да ги занемарите: Знаци на нарушување на когнитивната функција

Не смеете да ги занемарите: Знаци на нарушување на когнитивната функција

Некои аспекти од стареењето се неизбежни, а стареењето на мозокот е еден од нив. Без разлика колку се грижите за вашиот мозок, очекувана и нормална е промената на неговата когнитивна функција со текот на годините.

Не смеете да ги занемарите: Знаци на нарушување на когнитивната функција

Сепак, границата помеѓу знаците на стареење и знаците на сериозно когнитивно нарушување може да биде донекаде субјективна и тешко е да се дефинира. Оваа средна зона помеѓу нормалното стареење на мозокот и деменција се нарекува благо когнитивно оштетување (MCI) и може да биде причина за загриженост – штом ќе почнат да се појавуваат знаци на MCI, тие можат да напредуваат во деменција (обично во форма на Алцхајмерова болест).

Деменцијата погодува приближно 24 милиони луѓе ширум светот и се очекува да се зголеми четирикратно до 2050 година.

Фактори за когнитивно опаѓање

Постојат многу фактори- и генетски и епигенетски – кои можат да го зголемат ризикот од развој на деменција, вклучувајќи:

  • Даунов синдром
  • Дијабетес тип 2
  • Депресија
  • Висок крвен притисок
  • Пушење
  • Недостаток на ментална активност
  • Недостаток на физичка активност
  • Нездрава исхрана
  • Недоволно ниво на витамин Д

Од исклучителна важност е да обратите внимание на овие знаци:

Ги заборавате неодамнешните настани

Губењето клучеви, заборавањето на името на ресторанот што сакате да го посетите или името на книгата што неодамна сте ја прочитале е сосема нормално за луѓето во сите фази од животот, но заборавањето на одреден настан што се случил неодамна може да биде причина за загриженост.

Ги поставувате истите прашања

Одново и одново ги поставувате истите прашања дури и без да забележите.

Тешкотии при справување со одредени ситуации

Не можете да ги завршите успешно задачите кои ви се добро познати како што се плаќање сметки, користење на вашиот мобилен телефон или готвење.

Збунувачки времиња и места

Ја губите смислата за времето (не станува збор за нормалната реакција „ох, зарем веќе е петок?!“) и не можете да се сетите/разберете каков настан ве очекува во блиска иднина.

Заборавате вообичаени зборови

Со тешкотија учествувате во разговор со другите бидејќи честопати ви се случува да заборавите сосема обични зборови од вашето секојдневие.

Лоша проценка

Честопати сте жртва на измами, не можете да управувате со вашите финансии или имате тешкотии при грижата на вашето милениче.

Чести промени во расположението

Лесно се иритирате или вознемирувате од нешта кои се вообичаени и познати, или се плашите и се сомневате во луѓето околу вас.

Се губите на познати места

Ја губите ориентацијата во места што често ги посетувате како на пр. поштата, супермаркетот, аптеката или вашето маало.

Имате проблеми со грижата за себе

Тешко ви е да одржувате соодветна хигиена и да се придржувате до здравата исхрана.

Откако ги прочитавте знаците на когнитивното нарушување, можеби ќе сакате да прочитате и како да го одржувате мозокот во добра форма.

Извор: mindbodygreen.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар