Не се само грчевите: 5 необични начини на кои менструацијата го менува нашето тело

Не се само грчевите: 5 необични начини на кои менструацијата го менува нашето тело

„Оние денови во месецот“ за поголемиот дел од жените се проблематични. Освен грчевите и надуеноста во телото се случуваат низа други промени кои можеби воопшто нема да ги поврзете со менструацијата, но добро е да ги знаете. Еве за кои промени станува збор.

2-ne-se-samo-grevite-5-neobini-naini-na-koi-menstruacijata-go-menuva-naeto-telo-www.kafepauza.mk_

1. Промена во бојата на гласот

Неодамнешните студии потврдиле дека жените кои не користат хормонална контрацепција за време на менструацијата доживуваат промена во бојата на гласот. Можеби сте забележале дека вашиот глас звучи малку подлабок? Причината се крие во промената на сексуалните хормони до кои доаѓа во тоа време од циклусот.

„Некои жени, како на пример, професионалните пејачки, потешко ги достигнуваат високите тонови во одредени денови од циклусот. И тие промени се сосема нормални“, објаснила авторката на студијата Ирена Павела Банаи.

2. Болна усна шуплина и вилица

Хормоналните промени кои се случуваат во телото за време на менструацијата може да предизвикаат воспаление на непцата и чувствителност на забите. А, болката може да се прошири и на вилицата. Иако досега не се направени многу студии на оваа тема, жените кои патат од нарушување на темпоромандибуларниот зглоб (зглоб кој ја поврзува долната вилица со коските на черепот) истакнуваат дека болките во вилицата се појаки за време на менструацијата.

3. Нулти степен за толеранција на болка

Дали некогаш сте се запрашале зошто во одредени денови од месецот не можете да ги поднесете грчевите или сте посебно чувствителни на главоболки и мигрени? Одговорот е – менструалниот циклус. Во „оние денови“ од месецот жените потешко ја толерираат болката, а тоа особено се однесува на оние кои патат од мигрени. Менструацијата ги прави едноставно неподносливи.

1-ne-se-samo-grevite-5-neobini-naini-na-koi-menstruacijata-go-menuva-naeto-telo-www.kafepauza.mk_

4. Склоност за незгоди

Ако за време на менструацијата не сте олицетворение на елегантноста, не се грижите. На жените им се случува да станат склони кон незгоди. Тоа се случува заради заморот, но и задржувањето на течностите во телото кои на крајот влијаат врз мозокот, односно врз центарот за рамнотежа.

5. Испрекинат сон

Квалитетот на сонот е поприлично нарушен за време на менструацијата. За тоа се виновни грчевите, главоболките, несоницата, мачнините и промените на расположението на кои сме изложени во текот на тие денови. Според некои истражувања, околу 23% од жените имаат проблеми со спиењето една недела пред менструацијата, додека 30% од нив не спијат добро за време на менструацијата.

Доколку сакате да дознаете повеќе работи за вашиот циклус, дознајте ги овие помалку познати факти за менструацијата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар