Не прифаќајте ништо помалку: 15 работи кои секоја жена ги заслужува вo врската
Започнувањето врска е важна работа за секоја жена. Сјајот на лицето, пеперутките во стомакот и забрзаните отчукувања на срцето сè само дел од работите што секоја жена сака да ги добие од својот партнер. Без разлика што секој однос е различен, овие работи се константни. Без разлика дали сте во кратка или во долга врска, овие работи ги заслужувате.
1. Комплименти
Жените ги сакаат комплиментите. Без разлика дали комплиментот е упатен за вашата насмевка, готвењето или пак косата. Жените заслужуваат од својот партнер да ги добиваат комплименти.
2. Убаво однесување
Без разлика колку долго сте во врска, од партнерот заслужувате да ве третира како што заслужувате. Сите жени ова треба сериозно да го сфатат. Не дозволувајте вашиот партнер да ви вика, да ве тепа или да се однесува лошо со вас на кој било друг начин. Таков маж не е достоен за вас.
3. Внимание
Јасно е дека нема да го добивате постојано, бидејќи тој ќе биде зафатен и со други работи, но важно е да ви посветува моменти кога целото негово внимание ќе биде свртено само кон вас. Исто така важно е тој да биде секогаш тука за вас кога ви е потребен. Ако не може да го добиете неговото внимание кога ви е најтешко, тогаш која е смислата на таа врска?
4. Искреност
Секој однос треба да се темели на искреност, а ако ја немате од вашиот партнер, тогаш треба подобро да размислите за вашиот однос.
5. Предигра
Кога станува збор за сексот, жените се малку повеќе комплицирани од мажите. На нив им е потребна предигра, не секогаш, но во повеќето случаи да. Многу жени сметаат дека предиграта е повозбудлива од сексот, па затоа секоја од нив ја заслужува од својот партнер.
6. Разгалување
Разгалувањето е премногу забавно и вие заслужувате тој да ве пази и разгалува. Освен тоа, ова е добро за вашиот однос бидејќи ја зголемува интимноста.
7. Без криење
Без разлика на природата на вашата врска, ако сте подолг временски период заедно, вашата врска треба да биде официјална. Го заслуживте местото во неговиот живот и не треба да сè срамите од тоа туку гордо да кажувате дека сте само негова.
8. Разбирање
Ако сте во врска подолго време, тогаш добро сè познавате. Упатен е во сите ваши фази, „полудените“ хормони и промените на емоциите во текот на ПМС, па тој треба да има разбирање кон вас.
9. Џентлмен
Ова отсекогаш било важно за жените и така ќе остане. Тој не мора секогаш да ви ја отвора вратата или пак да ви ја мести столицата, но би требало да направи сè за да се почувствувате посебно.
10. Поддршка
Секоја жена заслужува поддршка од својот партнер без разлика што работи. Мажот кој ве сака ќе биде горд на вашите успеси и ќе ве мотивира да одите нанапред наместо да ве саботира.
11. Подароци
Повремените подароци кои ќе измамат насмевка на лицето сè она што секоја жена го сака и заслужува.
12. Повици
Разговорот со него е поинтимен отколку праќањето пораки. Ако му е грижа за вас, ќе пронајде време и ќе ви се јави во текот на денот.
13. Смеа
На секоја жена ѝ е потребно до неа да има маж кој ќе може да ја насмее во секоја ситуација. Од својот маж заслужувате да ве расположи и насмее тогаш кога сте во лошо расположение.
14. Привлекување
Заслужувате да бидете со маж кој го привлекувате повеќе од која било жена досега. Значи, помеѓу вас мора да постои хемија, во спротивно вашиот однос нема некоја посебна смисла.
15. Почитување
Последна, но не и помалку важна од останатите работи што една жена ги заслужува од својот партнер е почитта. Без разлика колку вие и вашиот партнер сте различни, мора да постои малку почит која ќе ве поврзува. Тој мора да ве почитува вас и одлуките кои ќе ги донесете.