Не можете вистински да се вљубите сè додека не ја прифатите љубовта во целост

Не можете вистински да се вљубите сè додека не ја прифатите љубовта во целост

Без разлика дали ја барате бескрајно и дали ризикувате сè што имате, вистината е дека нема да пронајдете љубов додека не сте подготвени истата да ја прифатите.

nema-da-se-vljubite-dodeka-ne-ste-podgotveni-da-go-prifatite-toa-kafepauza.mk

Можете да направите некој да се чувствува неверојатно. Можете да ја држите неговата рака кога се чувствува исплашено или анксиозно. Можете цела вечер да разговарате со него и да не сакате да одите во кревет. Можете да дозволите сите овие неверојатни работи да ве трансформираат, но нема да добиете ништо за возврат сè додека не сте вистински подготвени да ја прифатите љубовта во целост.

Можете да давате нешто што мислите дека е љубов, но нема да чувствувате дека е вистинско ако не сте подготвени. Личноста на која ѝ ја давате оваа љубов нема да ви ја возврати. Возможно е да сакате да давате љубов, а да не сакате да ја примите. А причината што не сакате да ја примите е тоа што веројатно мислите дека не ја заслужувате. На некој начин сте се убедиле дека не сте достојни за љубов, и толку сте убедливи во тоа што личноста која сака да ве љуби го верува истото. Вие не верувате во себе. Вие сметате дека љубовта е нешто што не го заслужувате.

А бидејќи не можете да ја прифатите љубовта, вие ќе давате додека не остане ништо, а потоа ќе се прашувате што се случило. Како можела таа личност да ве напушти откако сте се испразниле за неа? Вистинската љубов не треба да ве испразни. Вистинската љубов треба да ве наполни со сите нешта кои се различни од она што сте го давале. Не ве исполнува целосно, но ви ги дава нештата што сте ги немале. Но, најпрво треба да го дозволите тоа.

Нема да ја најдете љубовта која ќе ви го промени животот додека не сте подготвени да ја прифатите. Додека не се сакате доволно за да му дозволите и на некој друг да ве сака. Додека не сте подготвени да ризикувате да останете со скршено срце. Вие заслужувате љубов без разлика низ што сте поминале. Без разлика колку пати ви го скршиле срцето. Без разлика што ви кажале другите или што ве натерало да верувате. Вие заслужувате љубов. Верувајте во тоа и следниот пат кога некој ќе се обиде да ве љуби ќе ви биде полесно да го прифатите тоа.

Прочитајте ги и основните разлики помеѓу заљубеноста и вистинската љубов!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар