Не ги игнорирајте: 9 промени на градите кои укажуваат на сериозен здравствен проблем

Не ги игнорирајте: 9 промени на градите кои укажуваат на сериозен здравствен проблем

Редовната посета на гинеколог за рутинските прегледи на градите и репродуктивните органи е многу важна. Но, понекогаш е сосема во ред и самите да се прегледате, па ако забележите некоја од следниве промени, многу е важно што побрзо да се јавите кај вашиот доктор.

Не ги игнорирајте: 9 промени на градите кои укажуваат на сериозен здравствен проблем

1. Едната дојка е поголема од другата

Оваа состојба може да означува природна асиметрија на дојките, која е вообичаена кај поголемиот дел од жените и која најчесто доаѓа до израз за време на ПМС-от. Но, тоа исто така може да укажува и на одредени здравствени проблеми. Кога дојката почнува значајно да го менува својот облик, тоа може да биде знак за абнормални промени во нејзините ткива.

2. Иритација на кожата под дојките

Може да станува збор за алергиска реакција на одреден материјал или пак, на металот кој се наоѓа во одредени модели градници кои содржат никел. Станува збор за чест симптом кој се појавува кај жените со поголеми гради. Воспалението настанува кога кожата од дојката се трие со кожата под неа, додека истовремено е изложено на потење.

3. Грутки на ареолата

Станува збор за сосема природни промени на брадавиците. Улогата на градите е производство на млеко, а ситните грутки означуваат завршеток на жлездата. Тие за време на менструалниот циклус можат да се зголемат и да станат многу поизразени. Но, ако забележите дека една од вашите дојки, или пак двете, имаат необично изразени грутки, тоа може да биде знак за цисти. Тие не се бенигни, ниту опасни, но сепак треба да се контролираат. Од друга страна, во најлошото сценарио, грутките на ареолата можат да укажуваат и на тумор. Какви било промени во дојките, особено оние кои можат да се видат со голо око или да се допрат, мора веднаш да се пријават на гинеколог.

4. Појава на влакненца на дојката

Најчесто станува збор за реакција на одредени препарати или лекови кои содржат тестостерон, машкиот хормон, но може да биде знак и за синдромот полицистични јајници. Останатите симптоми кои укажуваат на цисти во јајниците се појава на акни и нередовен месечен циклус.

5. Чешање на брадавиците

Може да станува збор за алергиска реакција на средството за туширање, ткаенината или бојата за ткаенина. Многу е важно да го перете вашиот нов градник или облеката пред првото носење, а знајте дека чешањето може да означува и скоро доаѓање на менструацијата, кое понекогаш укажува и на хормонални промени во организмот. Во најлош случај, може да станува збор за еден вид редок карцином, кој доаѓа со други симптоми како многу сува кожа на брадавиците и жолтеникав или црвеникав исцедок.

6. Бел исцедок од брадавиците

Дојките служат за производство на млеко, а исцедокот кој наликува на него е сосема нормална појава и не е нужно знак за одредени болести, но може да биде предизвикан од физички стимуланс поради зголеменото ниво пролактин, неповрзано со бременоста и мајчинството. Може да биде и реакција на одредени медикаменти, кои го зголемуваат нивото на овој хормон.

7. Црвен исцедок од брадавиците

Може да укажува на бениген тумор кој настанува во млечните канали на дојката. Во секој случај, добро е да побарате совет од доктор.

8. Трнливо, јазлесто ткиво во дојките

Често укажува на проширување на млечните канали, познато како мастопатија. Станува збор за честа промена во дојките која настанува поради хормонални промени пред менструацијата и за време на стресот. Но, таа исто така може да биде знак и за циста (фиброцистична мастопатија) или еден вид тумор познат како фибром. Ако промените стануваат поизразени, веднаш посетете го вашиот гинеколог.

9. Јазли на дојките

Најчесто станува збор за циста. Ако јазолот е во форма на топче и „бега“ под притисок, најчесто е бенигна циста која може одеднаш да се појави и следниот циклус самата да исчезне. Симптомите на циста во дојките се болка и чувство на прободување и тие можат да се допрат ако се во близина на кожата и поголеми од 1 сантиметар. Најчесто стануваат поизразени пред појавата на месечниот циклус. Но, имајте на ум дека овој симптом може да биде и рак на дојка. Ако почувствувате маса во дојката која не се менува, веднаш побарајте совет од доктор.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар