Навиките на луѓето со прикриена депресија

Навиките на луѓето со прикриена депресија

Депресијата е сериозна болест која често останува незабележана со години. Луѓето кои страдаат од прикриена депресија се борат со нивните „демони“ и тоа сосема сами. Тие не ги споделуваат своите проблеми и не сакаат да им пречат на другите.

navikite-na-lugjeto-so-prikriena-depresija-kafepauza.mk

За повеќето луѓе, раните не се нешто што може да се дискутира со секој. Повеќето луѓе ги чуваат проблемите во себе и сами се обидуваат да го најдат лекот. Ова се навиките кои имаат речиси сите луѓе кои страдаат од прикриена депресија.

1. Тие се многу талентирани и сакаат да се искажуваат

Многу познати луѓе страдале од ментални нарушувања, а ова страдање им помага да развијат подлабоки емоции. Ако добро размислите, овие проблеми се изворот на нивните најголеми дела. Можеби не се видливи за секого, но нивните страдања многу често се прикажани во нивните дела. Овие луѓе успеваат да направат нешто убаво од темнината која ги опкружува.

2. Бараат цел

Секој од нас сака да пронајде некоја цел во животот. Сакаме да знаеме дека сме овде со некоја причина. Луѓето кои страдаат од прикриена депресија не се отпорни на ова. И тие сакаат да ја знаат причината за нивното постоење. Тие се дури и поупорни да најдат некакво значење, а кога нема да успеат се разочаруваат.

3. Понекогаш тивко бараат помош

На сите нас ни е потребна помош во некој дел од животот. Кога сметаме дека некому не му е потребна помош, ние не слушаме кога таа личност тивко ја бара. Сепак, ако го забележите ова и можете да помогнете на кој било начин, вие ќе создадете многу блиска врска.

4. Различно ги интерпретираат супстанциите

Некој што се справува со депресија обично знае што може да му ја намали болката. Тие знаат дека кофеинот и шеќерот, или пак некои лекарства можат да му го подобрат расположението. Всушност, овие луѓе треба да вложат многу напор за да се чувствуваат подобро. Кај нив ситуацијата не е толку едноставна како пиење апче за главоболка.

5. Често размислуваат за животот и смртта

Луѓето со депресија многу често се соочуваат со нивната смртност во моментите на очај кога бараат одговор за некои од најдлабоките прашања. Тие минуваат од едни лоши мисли кон други. Се разбира, не сите луѓе со депресија се справуваат со суицидни мисли, но повеќето од нив го имаат и овој проблем.

6. Имаат необични начини на исхрана

Луѓето со депресија можат и воопшто да не јадат кога им е најлошо. Или пак, некои од нив јадат многу повеќе од обично во овие моменти.

7. Имаат необични навики за спиење

Луѓето со депресија спијат многу долго. Понекогаш за нив е невозможно да заспијат, а понекогаш ова е единственото нешто што можат да го прават. Тие се чувствуваат беспомошно, а ова ги спречува да прават многу работи.

8. Обично имаат проблеми со идејата за напуштање

Ако некој ве напуштил, сигурно знаете колку е лошо тоа чувство. Но луѓето со депресија ова го чувствуваат уште посилно. Кога некој ќе ги напушти тие стануваат сè позатворени и потаинствени од страв да не ги напушти уште некој.

9. Лесно смислуваат приказни за „прикривање“

Тие секогаш наоѓаат изговори и успешно ги прикриваат нивните проблеми. Знаат како да се извадат ако не ви се јавувале некое време. Секогаш ја менуваат темата ако ги прашате што е проблемот.

10. Имаат навики што им помагаат

Постојат неколку животни промени кои може да се направат со цел да се ослободи умот. Овие луѓе често вежбаат, слушаат музика, пешачат и слично, со цел да се ослободат од лошите мисли.

11. Секогаш се трудат да изгледаат среќни

Луѓето кои страдаат од депресија знаат како да глумат разни расположенија. Тие речиси секогаш изгледаат среќни и сметаат дека ако ги кажат своите проблеми ќе им станат товар на другите.

12. Бараат љубов и прифаќање

Овие луѓе не ја кријат својата депресија бидејќи сакаат да лажат, тие едноставно ги заштитуваат своите срца. И тие сакаат да бидат прифатени како секој друг.

13. Не можат да го „исклучат“ нивниот мозок

Многу често луѓето со депресија претерано ги анализираат работите. Нивните мозоци се како сунѓери кои впиваат буквално сè што ќе им се случи.

14. Тажни се кога некој друг е повреден

Кога гледаат дека некој друг како страда, луѓето со депресија страдаат уште повеќе. Ова многу често им предизвикува емоционална болка која понекогаш е неподнослива.

15. Секогаш мислат на најлошите сценарија

Овој начин на размислување е стресен, но понекогаш и корисен. Високата интелигенција често се поврзува со депресијата, па овие луѓе можат да се справат со многу проблеми.

Ако сметате дека страдате од прикриена депресија или познавате некоја ваква личност, веднаш побарајте или понудете помош. Борењето сами е тешко и речиси никогаш не е продуктивно. Вие не сте им товар на другите, и ако ви е потребна помош не плашете се да ја побарате.

Погледнете и на кој начин луѓето ја прикриваат својата депресија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар