Научете да бидете среќни, почнувајќи од денес - Part 2

Научете да бидете среќни, почнувајќи од денес


11. Одвојувајте време да слушате

Ако сакате да бидете чуени, мора да слушате. Не заборавајте дека секогаш може да научите нешто или да извлечете поука од другите.

12. Прифатете го она што не можете да го промените

Секако дека секогаш треба да се трудиме да ги подобриме нештата и да го дадеме најдоброто од себе. Но некогаш едноставно не можеме да бидеме сè што ќе поскаме и постојат работи на кои не можеме да влијаеме. Можеби никогаш нема да станеш топ модел или претседател, но неверојатно е колку други можности животот ти дава.

13. Читајте книги и мудри мисли

Нема ништо подобро од интересна книга и мотивациски цитати. Кога парче мудрост ти е на дофат, секако дека треба да посегнеш по него.

14. Патувајте

Без разлика на дестинацијата, секогаш кога имате прилика избегајте од постојаното место на живеење. Некогаш средствата нема да ви дозволат подалечно патување, но не е важна дестинацијата. Она што е важно е друштвото и ослободувањето од постојаните грижи и притисоци. По завршувањето на некој важен проект, наградете се со слободен викенд на некое мирно и релаксирачко место.

Научете да бидете среќни, почнувајќи од денес

15. Запрете го дотекот на негативни мисли

Најдете начин како да излезете на крај секогаш кога ви се закануваат негативните мисли. Решението може да биде кафе со пријателките, шопинг, добра книга или филм, разговор со љубениот/ата и сл.

16. Облекувајте се убаво и удобно

Секако дека фокусирањето на изгледот звучи како плиткост, но кога внимавате на личната хигиена и удобноста на вашата облека, секако дека ќе се чувствувате посреќни и позадоволни со себеси.

17. Научете дека и тагата е дел од животот

Луѓе сме и чувствуваме најразлични емоции, меѓу кои е и тагата и тоа е сосем нормално. Среќните луѓе, колку и да звучи парадоксално, умеат да уживаат во тагата. Некогаш нешто ќе ви тргне надолу, ќе имате лош ден, нема да посакате да станете од кревет, но на крајот на краиштата секому му се случува.

18. Хранете се добро и здраво

Хранете се редовно и обрнете внимание на исхраната, не само поради тежината, туку поради здравјето и личната благосостојба.

19. Бидете во постојан контакт со семејството и пријателите

Осамениот човек не е среќен. Нашите блиски ни го разубавуваат животот. Телефонски повик или средба во живо, не е важно, бидете во контакт и грижете се за блиските.

20. Научете да бидете сами

Некогаш имаме потреба да бидеме сами со себеси и со своите мисли. Има разлика од осаменост и самотија. Уживајте во сопственото друштво и сакајте се себеси.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар