Наш предлог за денешното мени: Полнети тиквички кои се топат во уста!
Доколку сакате да пробате нов рецепт со тиквички ви предлагаме да подготвите полнети тиквички со колбас, рикота и спанаќ. Секако, ако не сте љубители на месо, можете да го замените колбасот со варен грашок и да уживате во ова вкусно јадење.
Потребни состојки:
- 3 поголеми тиквички
- 350 грама печеница или свежи колбаси
- 400 грама свеж спанаќ
- 4 чешниња лук
- 2 лажици маслиново масло
- 200 грама рикота
- 150 грама пармезан
- 150 грама моцарела
- 1 јајце
- сол, бибер, босилек, црвен пипер
- 1 тегла сос од домати или Arrabiata сос
Начин на подготовка:
1. Добро измијте ги тиквичките и тенко исечете ги по должина. Наредете ги во сад за печење и покријте ги со хартија за да се ослободи вишокот течност. Оставете ги околу 20 минути.
2. Подгответе го филот. Ставете ги колбасите во тава и пржете ги на тивок оган. Извадете ги колбасите од тавата и додадете лук и спанаќ. Пржете околу пет минути.
3. Во садот со колбасот додадете ги приготвениот спанаќ, моцарелата, рикотата, пармезанот и јајцето. Зачинете со сол, бибер, босилек и црвен пипер.
4. Отстранете ја хартијата од парчињата тиквички и соберете го вишокот течност. Врз секое парче тиквичка нанесете фил и внимателно завиткајте ги парчињата во ролна.
5. Во сад за печење ставете сос од домати или arrabbiata сос, наредете ги тиквичките, посипете со моцарела и печете околу 25 минути на температура од 200 степени целзиусови. На здравје!
Откако го прочитавте нашиот рецепт за полнети тиквички, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за печени тиквички со сирење и ракчиња.
Извор: punkufer.dnevnik.hr