Претходно
Намаз од авокадо: Рецепт што ја намалува лошата киселина во телото (и има одличен вкус!)
Лесен е за подготовка, здрав е за вашето тело и можете слободно да го јадете со кој било оброк во текот на денот
Потребни состојки:
- 2 зрели авокада
- 225 грама свежо, меко овчо сирење
- 1/2 лимета, исцедена
- 1 лажичка босилек, исечкан
- 1 супена лажица сусам
- Прстофат морска сол
- Маслиново масло
Начин на подготовка:
Излупете го авокадото и исечкајте го на мали парчиња, а потоа и изматете го за да добиете густа, но хомогена смеса. Додајте ги сирењето и сокот од лимета, па повторно изматете. Следни се босилекот и сусамот, па солта. Откако добро ќе ги измешате сите состојки, додајте малку маслиново масло и послужете веднаш. Добар апетит!
Ослободете се и од болките во желудникот со помош на овој вкусен намаз.