Намалете ја болката од изгорениците од сонцето на овие 5 начини

Намалете ја болката од изгорениците од сонцето на овие 5 начини

Иако на секој чекор нè потсетуваат да нанесуваме крема за заштита од сонцето, и понатаму ни се случува понекогаш да изгориме. Меѓутоа, со помош на следниве неколку совети, лесно ќе ги залечите изгорениците и ќе добиете убав тен побрзо отколку што можете да замислите.

1-ublazhete-gi-izgorenicite-od-sonceto-na-ovie-5-nachini-www.kafepauza.mk_1. Лосион за тело

На цело тело, а особено на црвените делови, нанесете го својот омилен лосион за нега на телото. Доколку тој во својот состав содржи алое вера – уште подобро! Тоа ќе ја смири вашата кожа и ќе го спречи нејзиното лупење.

2. Избањајте се

Доколку во вашата редовна купка додавате само некои нови состојки, вашата кожа ќе ви биде многу благодарна. Додадете јаболков оцет за да ја вратите pH вредноста на вашата кожа во нормала, сода бикарбона за отстранување на иритацијата и црвенилото, и есенцијални масла за да ја намалите болката.

Long Woman Legs in Bath

3. Пијте течности

Кога ќе изгорите, вашата кожа е сува и дехидрирана, па мора да ги дополните нејзините резервоари. За да го хидрирате целиот организам, пијте многу течности, а најдобро е тоа да биде обична негазирана вода.

4. Кесички чај

Кесичките од штотуку сварениот чај ставете ги на изгорениците, или уште подобро, на сува крпа која претходно ќе ја поставите на нив. Црниот чај ја извлекува топлината од изгорениците и ја враќа pH вредноста на кожата во рамнотежа. Исто така, чајот од нане додатно ќе ве разлади.

5. Краставици

Веќе знаете дека се добри за подочниците, но можеби не сте знаеле дека го ублажуваат црвенилото од изгорениците. Ставете во блендер неколку краставици за да направите паста и нанесете ја на кожата.

3-ublazhete-gi-izgorenicite-od-sonceto-na-ovie-5-nachini-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар