Намаленото лажење ги подобрува и здравјето и врската

Намаленото лажење ги подобрува и здравјето и врската

Намаленото лажење може да доведе до значајни придобивки за вашето ментално и физичко здравје, според неодамнешна студија која била презентирана на 120-тата годишна конференција на Американската психолошка асоцијација.Наука на искреноста: Намаленото лажење ги подобрува и здравјето и врскатаЗа време на конференцијата, истражувачи од Универзитетот на Нотр Дам презентирале „експеримент за искреност“ кој мерел дали кажувањето лаги може да има некакви ефекти врз нашето здравје. Студијата траела околу 10 недели и вклучувала 110 учесници. На половина од групата им било кажано да избегнуваат да кажуваат какви било лаги, вклучувајќи ги и „белите“ лаги за време на овие 10 недели, додека пак другата половина не добила никакви посебни инструкции.

Секој испитаник еднаш неделно поминувал низ мерења за здравјето и врската, како и низ полиграф за да може да се процени отприлика колку лаги кажувал во текот на неделата. Истражувачите откриле дека и во двете групи оние кои помалку лажеле покажувале значително помалку поплаки за менталното здравје (како анксиозност или тага) како и помалку поплаки за физичкото здравје (како болки во грлото или главоболки).

Овој ефект бил многу посилен во групата која „не лажела“ и која воглавно била поискрена отколку во другата група. Дополнително, истражувачите откриле и дека индивидуите кои биле поискрени покажувале подобрување во нивните блиски врски и во општата социјална интеракција таа недела.

Вежбајте искреност во секојдневието

Наука на искреноста: Намаленото лажење ги подобрува и здравјето и врскатаИскреноста е клучниот дел од среќата и успехот во животот. Можеби постојат ретки ситуации во коишто мала лага би била попогодна, но сепак искреноста е нешто што сите ние би требало да го применуваме што е можно почесто. И најважно од сè, мора да бидеме искрени со себе. Не е можно да бидеме искрени со другите доколку избегнуваме да бидеме искрени со себе.

Неколку од најчестите начини со кои можете да научите како да бидете поискрени во текот на денот се:

  • Кажувајте ја вистината за вашите дневни достигнување и избегнувајте да претерувате за она што сте го направиле.
  • Не смислувајте лажни изговори за доцнењето или за причините поради кои не сте успеале да завршите одредена задача.
  • Доколку не сакате да одговорите на одредено прашање, пробајте учтиво да ја смените темата или поставете друго прашање.
  • Признајте ја грешката и извинете се кога ќе повредите или разочарате некого.
  • Не ширете гласини и озборувања за други луѓе, посебно за ситуации за кои не знаете ништо.

Правете мали чекори како овие и со тек на време ќе научите да бидете многу поискрени со себе и со оние околу вас.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар