Најздравиот појадок со кој можете да го започнете вашиот ден

Најздравиот појадок со кој можете да го започнете вашиот ден

Доколку сакате повеќе енергија, а помалку килограми, подгответе си ја оваа здрава мешавина!

Најздравиот појадок со кој можете да го започнете вашиот ден

Потребни состојки:
  • 170 грама овесни снегулки
  • 100 грама јачменови снегулки
  • 100 грама лешници, исечкани
  • 100 грама бадеми, исечкани
  • 50 грама непечени семки од тиква
  • 40 грама семки од сусам
  • 4 лажици мед
  • 4 лажици стопено кокосово масло
  • 100 грама суви урми
  • 100 грама суви кајсии
Начин на подготовка:

Вклучете ја рерната на 175 степени. Помешајте ги сите состојки освен сувото овошје и ставете ги во сад каде што претходно сте поставиле хартија за печење. Печете 20 минути, со повремено мешање и потоа извадете го садот од рерната и оставете ја смесата да се олади. Откако ќе се олади, додајте го сувото овошје и сипете сè во тегла. Мешавината може да се користи во следните месец дена.

Овој здрав оброк најдобро оди со јогурт или кисело млеко.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар