Највредни подароци за партнерот во текот на годината
Новата година и празниците кои се ближат се одличен начин да поминете време со најблиските и фамилијата, повеќе од кога било. Убава храна, најразлични слатки и пијалаци во големи (разумни) количини, добри луѓе, насмевки и среќа – има ли некој што не го сака тоа?
Кога станува збор за подароците, сигурно сте купиле нешто за партнерот или барем размислувате да купите. Скап часовник, деликатен зимски парфем, долна облека, омилен пијалак… изборот е ваш. Но, подарувањето не треба да биде само за време на празници и слични поводи. Ни случајно немојте да заборавите да му ги подарувате овие подароци на партнерот во текот на целата година:
Сослушување
Не брзајте во донесување на заклучоци. Не упаѓајте во збор или во средина на реченица додека партнерот уште зборува. Покажете почит, затворете ја устата и начулете ги ушите.
Време
Не дозволувајте времето да ве одмине туку така. Престанете да барате изговори зошто денес не можете да излезете на вечера или на забава. Најдете време за партнерот колку и да ви е напорна и стресна работата. Организирајте убава, романтична вечера или незаборавна журка. Правете го тоа еднаш во неделата.
Добронамерност
Секогаш сме повеќе наострени кон најблиските или кон партнерот со кој го делиме животот. Зошто тој не го фрлил ѓубрето или ја оставил чешмата да тече? Наместо да се лутите за вакви секојдневни ситуации, покажете добронамерност. Бидете нежни во пристапот, не им давајте до значење на таквите ситуации и видете што ќе се случи.
Допир
Нешто што не смеете да го заборавите. Држење за рака, нежно штипнување за образ, галење по половината, нежен допир на рамениците. Сето тоа пропратено со мали бакнежи.
Насмевка
Насмевката е нешто што треба да го практикувате секојдневно. И што е најважно, треба да се почувствува дека е вистинска и искрена, а на тоа задоволство му нема крај.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.