Најважните здравствени прегледи за секоја возраст

Најважните здравствени прегледи за секоја возраст

Секоја возраст со себе носи одредени здравствени ризици. Токму од таа причина, лекарите советуваат да правите навремени здравствени прегледи, а овие се најважните за секоја возраст.

Најважните здравствени прегледи за секоја возраст

18 години

Од овој период до крајот на животот, важно е да се прави комплетна крвна слика еднаш годишно. Покрај тоа, лекарите советуваат систематски преглед за да ги следите сите можни промени во телото. Исто така, 18 години е идеално време да започнете да одите на редовни прегледи на кожата. Така, навреме ќе ги забележите промените на кожата, како што се меланом и сл.

21 година

Лекарите препорачуваат жените по 21-та година редовно да посетуваат гинеколог, кој ќе ги направи сите потребни анализи. Исто така, се препорачува ултразвук на градите до 30-годишна возраст.

40 години

Во овој период, се препорачува да одите на мамографија. Особено ако имате семејна историја на рак на дојка.

45 години

Најчести видови рак се ракот на белите дробови, панкреасот, црниот дроб, дебелото црево и дојката. Ракот на дебелото црево е најлесно да се третира ако се открие на време. Затоа, лекарите советуваат да одите на редовни прегледи во овој период.

55 години

Се препорачува мажите да одат на редовен преглед на простата од 55-годишна возраст. Исто така, се препорачува да правите преглед на белите дробови.

Иако можеби не изгледа неопходно да одите на лекар кога се чувствувате целосно здрави, треба да знаете дека превенцијата е клучна. Во многу случаи, за жал, болеста не покажува никакви симптоми додека не е во напредна фаза.

Затоа, колку порано се открие проблемот, толку е поголема веројатноста да бидете целосно излечени.

Прочитајте кои 7 работи ги открива начинот на одење за вашето здравје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар