Најубавите фустани во историјата на големото филмско платно - Part 3

Најубавите фустани во историјата на големото филмско платно

8. Кадифениот, зелен фустан на Вивиен Ли (Gone With The Wind, 1939)

Сигурно се сеќавате кога ликот на Ли, Скарлет сакаше да го импресионира Рет Батлет во филмот, па со помош на нејзината дадилка креираше фустан од зелена, кадифена завеса со многу златни додатоци.

Дизајниран од страна на Волтер Планкет, овој фустан денес сè уште опстојува, со мали оштетувања по рабовите.

5125208a6b900.preview-620.jpg

9. Џуди Гарланд и симпатичниот, син фустан (The Wizard of Oz, 1939)

Овој едноставен фустан е креиран од страна на костимографот Гилбер Адриан, кој исто така ги создаде и познатите црвени чевлички. Сино-белиот фустан на прерамки беше продаден на аукција во 2012 година, за неверојатни 480.000 долари.

film movie still

10. Алиша Силверстоун и фустанот на Келвин Клајн (Clueless, 1995)

Модниот стил кој беше прикажан во овој филм, ги натера сите девојки ширум светот да мечтаат по одличните каро костими и куси здолништа.

Супер-шик девојката Шер, која Алиша Силверстоун одлично ја одглуми, во една од сцените се појавува во краток и тесен фустан, инспириран од модата во 60-тите.

Многумина од нас сигурно го паметат хумористичниот коментар на нејзиниот татко, кога ѝ вели дека фустанот изгледа како долна облека.

Во 2010 година, дизајнерот за Келвин Клајн, Франциско Коста се одлучи да го врати фустанот на рафтовите, за цена од 916 долари.

10-najubavite-fustani-vo-istorijata-na-golemoto-filmsko-platno-kafepauza.mk


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар