Најубавите фустани во историјата на големото филмско платно - Part 2

Најубавите фустани во историјата на големото филмско платно

4. Џулија Робертс и елегантниот, црвен фустан (Pretty Woman, 1990)

Сите добро ја паметиме култната сцена во која Џулија Робертс се трансформира од несреќна проститутка во елегантна дама. Иако првичната идеја за нејзиниот изглед бил едноставен, црн фустан, костимографката Мерилин Ванс се одлучила за ваквата огненоцрвена варијанта, со која го воодушеви светот.

MSDPRWO EC019

5. Мишел Фајфер и светкавиот фустан (Scarface, 1983)

Изгледот на Мишел Фајфер во „Scarface“, вклучувајќи го и овој грациозен, светкав фустан со длабоко деколте, сè уште свесно претставува инспирација за модниот свет.

Во 2012 година, Ријана се појави на „Греми“ наградите во Армани фустан, за кој таа изјави дека е инспириран токму од оваа улога.

MSDSCAR EC004

6. Необичниот, невестински фустан на Сара Џесика Паркер (Sex and the city, 2008)

Вивиен Вествуд е „виновникот“ за оваа необична венчаница, која Сара Џесика Паркер ја носеше за време на снимањето на филмот „Сексот и градот“. Фустанот беше распродаден буквално за неколку часа, штом стигна на пазарот.

MCDSEAN EC101

7. Шерон Стоун и тесниот, краток бел фустан (Basic Instinct, 1992)

Волнениот, тесен и краток фустан со ролка креиран од Елен Мироник беше носен од страна на Шерон Стоун во најпровокативната сцена од филмот „Основен инстинкт“, каде ги прекрстува нозете.

Покажувајќи го своето совршено тело, Шерон Стоун уште еднаш докажа дека оправдано ја заслужува титулата „секс-симбол“.

7-najubavite-fustani-vo-istorijata-na-golemoto-filmsko-platno-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар