Најсилните девојки се оние што имале најлошо детство

Најсилните девојки се оние што имале најлошо детство

Најсилните девојки се оние што доаѓаат од растурени домови. Од разведени родители. Од алкохоличари и зависници. Од крајно нефункционални семејства. Од пекол од кој цел живот се обидуваат да избегаат.

najsilnite-devojki-se-onie-shto-imale-najlosho-detstvo

Најсилните девојки никогаш не ни имале детство, бидејќи морале да научат како брзо да пораснат. Тие морале брзо да созреат и да научат самите да се грижат за себеси, долго пред да бидат подготвени за тој чекор.

Најсилните девојки знаат колку се силни бидејќи поминале низ пекол. Тие биле во ужасни битки и преживеале многу солзи, скршени шишиња, полициски автомобили… Тие искусиле цел живот ужаси за многу краток период.

Имало моменти кога мислеле дека ќе се распаднат, кога мислеле дека нема шанси да излезат од дупката во која генетиката ја ископала за нив, но некако успеале да ги надминат овие темни мисли. Тие научиле дека не се исти како луѓето што ги опкружуваат.

Најсилните девојки сфатиле дека не се родени за да останат во градот во кој израснале, бидејќи заслужуваат многу повеќе од тоа. Тие се девојки кои сфатиле дека не се наменети за да ги следат чекорите на родителите. Тие не се осудени на пропаст, бидејќи ги чекаат големи нешта!

Најсилните девојки знаат дека ја држат под контрола својата иднина. Тие можат да направат нешто од себе, дури и покрај тоа што ќе бидат први во фамилијата. Тие знаат дека го имаат тоа што им треба да успеат, иако сите што ги познаваат им укажуваат на спротивното.

Најсилните девојки знаат какво чувство создава вистинската болка. Тие знаат како е да се биде скршен однатре. Тие знаат како е да се предадени од некој кому му верувале со целото срце. Знаат и како е да исфрлат некој од животот, бидејќи тој некој бил токсичен за нив.

Најсилните девојки морале да носат тешки одлуки. Тие морале да се борат за да се ослободат од товарот. Тие морале да ја избришат од умот идејата дека не се доволно добри, дека не се способни и дека ќе завршат лошо, како сите во своето семејство.

Најсилните девојки учат многу од своето лошо детство. Тие учат дека минатото не ја диктира иднината, дека мора да продолжат понатаму дури и во најлошите моменти и дека самите ја обликуваат сегашноста, правејќи ја прекрасна за себе и за оние што ги сакаат.

Овие девојки се доволно силни да преживеат и сами – немаат потреба од ничија помош за да ги постигнат своите цели и да го направат својот живот вреден за живеење! И за крај, тие се одмаздуваат на тој начин што заминуваат без да се свртат назад!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар