Најпопуларниот модел на здолниште што ќе се носи ова лето
Здолништата отсекогаш биле совршени за дневните модни комбинации, бидејќи не само што прават да изгледаме женствено, туку тие исто така и нè полнат со самодоверба. Од друга страна пак, нема подобар избор од нив за летните горештини, па со оглед на тоа дека времето постојано се затоплува, време е да дознаеме кој модел ќе биде најпопуларен во текот на ова лето.
Винтиџ моделите постојано се враќаат во мода, а овој пат, на врвот на листата се искачи тексас здолништето што може да се забележи насекаде околу нас. Најдоброто кај овие здолништа е што можете да ги носите во текот на целата година, а и фактот дека одлично изгледаат буквално во секоја должина.
Покрај тексасот, имаме можност да видиме и лесни, лелеави материјали, па нема да згрешите ни ако одберете нешто во овој стил. Од друга страна пак, ако сте љубителки на здолништата со преклоп, и тие повторно се враќаат во мода – особено затоа што на фигурата ѝ додаваат совршени облини. За девојките со дамски стил, и миди здолништата сè уште се во тренд.