Најновиот моден тренд, кога е накитот во прашање, нема да ве остави рамнодушни
Кога ги гледате хип-хоп музичките спотови и гледате многу, но навистина многу накит на рацете, најверојатно помислувате дека никогаш не би носеле нешто такво. Сепак, ако ги следите модните трендови, тогаш најверојатно ќе го испробате и ова, па уште веднаш можеме да ви кажеме дека воопшто не е лошо.
Станува збор за многу впечатливи прстени на двете раце. Погледнете како изгледа овој масивен накит во своето вистинско светло!
На ревијата на брендот Гучи можеше да се види овој нов моден тренд и бидејќи изгледа феноменално, девојките и жените ширум светот побрзаа да го почнат да го применуваат и во секојдневните модни комбинации.
Најважно е прстените да бидат шарени, да имаат пулејки, циркони, бисери и апсолутно не мора да се вклопуваат еден со еден. Овој накит не мора да биде скап, но важно е да не изгледа евтино.
Најдобро од сè е тоа што прстените не мора да ги носите само со фустани и свечени комбинации, туку можете да го сторите тоа и со фармерки и блуза, за на лежерните комбинации да им дадете малку гламур. Она што не треба да го носите со овие прстени се, секако тренерките и доста спортските варијанти.
Овој тренд навистина ви овозможува многу можности за да си поиграте со модата и да им покажете на сите колку сте шик!