Најдобрите трикови за пржени јајца: Претворете го едноставниот оброк во вкусен специјалитет

Најдобрите трикови за пржени јајца: Претворете го едноставниот оброк во вкусен специјалитет

За многу млади готвачи, пржените јајца се првото јадење што ќе го совладаат. Но, откако ќе ги скршите првите неколку јајца, тоа е веројатно техника за која не размислувате често. Всушност, за повеќето луѓе, пржењето јајца е автоматска работа, но токму тука лежи најголемата грешка. Постојат неколку работи што може да го направат ова едноставно јадење многу повкусно или да го уништат. Во продолжение прочитајте ги правилата за пржење јајца.

Најдобрите трикови за пржени јајца: Претворете го едноставниот оброк во вкусен специјалитет

1. Користете нелеплива тава

Колку и да ги сакате вашите тави од леано железо, јајцата ќе залепат на нив. Тоа значи помалку јајца за вас и повеќе чистење и остатоци во мијалникот. Исто така, големината е важна – помалите тави ќе послужат за најмногу 4 јајца, а за повеќе, користете поголема тава.

2. Прескокнете ги млекото и павлаката

Колку што се поквалитетни јајцата, толку ќе бидат повкусни. Што се однесува до мрснотиите, користете маслиново масло и парче путер за да добиете одличниот вкус. Сепак, не користете само путер бидејќи може да изгори.

3. Не кршете ги јајцата во тавата

Не кршете ги јајцата во тавата затоа што белките ќе протечат по страните и некои делови ќе се испржат порано, а тоа не е добро. Скршете ги јајцата во сад и потоа турете ги во тавата.

4. Силиконскиот кујнски прибор е најдобар за мешање

Дрвениот прибор не ги вади јајцата од тавата толку добро, а металниот прибор ќе го оштети нелепливиот слој на тавата.

5. Пржете ги јајцата на тивок оган и бавно

Пред да ги ставите јајцата во тавата, таа може да биде на максимална температура, но откако ќе ги ставите јајцата, намалете ја температурата. Ако ги пржите на висока температура, јајцата ќе се испржат премногу брзо и ќе станат суви.

6. Не пржете ги до крајот

Јајцата се протеини и, како и сите други протеини, тие ќе продолжат да се готват уште некое време откако ќе ги тргнете од шпоретот.

7. Не заборавајте ги додатоците

Кој не сака пржени јајца со сирење или со зачини? Но, што и да додадете, особено ако е сирење, треба да го промешате по пржењето. Од зачините, најдобро е да додадете зачин со благ вкус како магдонос или власец. Исто така, додајте сол и бибер на самиот крај на пржењето, инаку солта ќе ја извлече влагата од јајцата.

Погледнете како да ја искористите кората од лимонот за да добиете вкусен оброк.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар