Најдобрите летни фустани за сите телесни форми

Најдобрите летни фустани за сите телесни форми

Фустаните можат да направат секоја жена да се чувствува женствено и нежно и се идеални за летните периоди. Освен за носење, лесни се и за комбинирање, бидејќи не мора да се мачите со размислувањето која маичка да ја облечете со вашиот омилен пар фармерки. Но, пронаоѓањето на вистинскиот фустан кој совршено ја отсликува вашата фигура е малку потешко. Затоа, во продолжение прочитајте кои фустани одговараат на различните телесни форми и прават да изгледате одлично во секоја ситуација.

Форма на крушка: Фустани со полно здолниште

Најдобрите летни фустани за сите телесни форми

Две работи се важни кога имате форма на крушка: Да ги истакнете вашите најдобри делови и сѐ уште да се чувствувате пријатно и слободно. Доколку имате пошироки колкови, одлучете се за фустан со повеќе структура – здолништето нека почнува од струкот и нека се шири надолу.

Форма на јаболко: Фустани со фалти

Најдобрите летни фустани за сите телесни форми

Доколку имате форма на јаболко, тогаш избирајте фустани кои не се лепат на половината, но не се одлучувајте ниту за правите фустани кои наликуваат на вреќи. Идеално би било доколку пронајдете фустан кој има форма на труба за да дадете илузија на помал струк.

Форма на песочен часовник: Фустани кои ја оцртуваат фигурата

Најдобрите летни фустани за сите телесни форми

Силуетата е најдобриот пријател на жените кои имаат фигура на песочен часовник. Избирајте фустани кои го истакнуваат телото и кои се растегливи, но внимавајте да бидат и удобни. За уште повеќе да ја истакнете половината, доколку носите поспортски фустан, заврзете кошула или џемпер на струкот.

Помашка фигура: Фустани како кошули со колан

Најдобрите летни фустани за сите телесни форми

Ако сакате да додадете облини на својата фигура, тогаш одлучете се за нешто што може да го дефинира вашиот струк. Совршениот избор би бил фустан кој е всушност подолга кошула и кој можете да го затегнете со каиш. Така ќе создадете илузија на фигура на песочен часовник и ќе ги покажете вашите тонирани, цврсти нозе.

Поситна фигура: Мини фустан

Најдобрите летни фустани за сите телесни форми

Клучот во истакнувањето на убавините на малата телесна фигура е да не ја претрупувате со материјали и ткаенини. Изберете фустан со пократка должина што ќе ја создаде илузијата на подолги нозе. Но, бидејќи е краток, немојте да изберете фустан кој е залепен на телото.

Повисока фигура: Миди фустани

Најдобрите летни фустани за сите телесни форми

За разлика од поситните жени, високите жени можат да избираат стилови со повеќе материјали и слоеви. Доколку можете, избегнувајте ги долгите фустани и држете се до средните должини. Така ќе ја истакнете и вашата половина и вашите долги нозе, а скратениот крој ќе спречи да се чувствувате превисоко.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар