Претходно
Најдобриот сок за сјајна кожа
Мешавина од состојки, наменети за сјајна и убава кожа
Потребни состојки:
- 1/2 црвена зелка
- 1 средна главица цвекло
- 1 морков
- 1 средна краставица
- 1 голем портокал
- 1/2 лимета
- 2 лажички ѓумбир
Начин на подготовка:
- Измијте ги и подгответе ги состојките.
- Во соковник, ставете ги сите состојки, освен портокалот и лиметата. Нив исцедете ги во друг сад рачно или преку соковник, наменет за цитрусни плодови.
- Во чаша, ставете ги двете добиените течности и промешајте.
- Уживајте!
Здравствени придобивки:
Една од причините зошто кожата станува безживотна со текот на годините е намалениот колаген. Овој пијалак може да го зголеми неговото количество, а еве како:
- Црвената зелка, портокалот и лиметата содржат висок степен на витамин Ц и антиоксиданси, кои ги штитат клетките од оштетување.
- Цвеклото содржи цинк и метали, кои се клучни за здрава кожа. Исто така, го чисти црниот дроб, орган кој е тесно поврзан со изгледот на кожата.
- Ѓумбирот го намалува црвенилото и содржи многу антиоксиданси.
- Краставиците содржат 96% вода, а хидрирањето е од особена важност за кожата. Исто така, имаат огромна нутритивна вредност. Богати се со антиоксиданси, го намалуваат црвенилото на кожата и ризикот од рак.
- Морковите се богати со бета каротин, кој е одличен за кожата. Како и другите состојки, содржат многу антиоксиданси и хранливи материи, корисни за здравјето, воопшто.