Најдете го мажот од вашите соништа со помош на математика

Најдете го мажот од вашите соништа со помош на математика

Звучи чудно, но математиката е навистина корисна алатка што може да ја разоткрие мистериозната љубов. Според научниците, за да го најдете совршениот партнер не треба да имате среќа, туку да ги знаете вистинските математички алгоритами. Досега, математичарите имаат предложено голем број теории за врската меѓу љубовта и науката, но Хана Фрај ги комбинирала сите тие теории во едно и дошла до формулата за тоа како да се најде совршениот партнер. Нејзината теорија е следнава…

Најдете го мажот од вашите соништа со помош на математика

Во светот има два пати повеќе жени за разлика од мажи

Вистината е дека почесто се раѓаат машки бебиња отколку женски. Меѓутоа, многу поретко се случува кај девојчињата да бидат дијагностицирани со сериозни болести. Освен тоа, кај возрасните жени постои помала веројатност дека ќе стекнат лоши навики и ќе направат лоши животни избори.

Колку мажи ви одговараат од местото каде што живеете?

Да речеме дека во вашиот град живеат милион мажи.

Колку од нив би биле на ваша возраст? – 22%, односно 220.000

Колку од нив би биле синг? – 40%, односно 88.000

Колку од нив би имале завршено факултет? – 30%, односно 26.400

На колкумина од нив би им се допаднале? – на 20%, односно 5.280

Со колкумина од нив би можеле да имате сериозна врска? – со 20%, односно 1.056

Колкави се шансите да најдете љубов во голем град?

Помалку од 1% од луѓето го наоѓаат совршениот партнер во нивниот роден град. Тоа значи дека веројатноста е еден од сто. Исто толку веројатно е и да најдете детелина со четири листа или да загинете во сообраќајка.

Најдете го мажот од вашите соништа со помош на математика

Убавиот физички изглед не е толку важен

Околу 80% од луѓето не сакаат да излегуваат на љубовни состаноци со луѓе кои изгледаат премногу привлечно на Интернет, од страв дека ќе бидат одбиени. Повеќето одбираат луѓе кои изгледаат солидно и со кои ги делат истите интереси.

Како да го одберете совршениот партнер?

Оптимална теорија на запирање: Според математиката, доколку започнете да излегувате на љубовни состаноци на возраст од 15 години и сакате да се омажите пред да наполните 35 години, тогаш не би требало да започнувате сериозна врска со луѓето што ќе ги сретнете пред да наполните 25 или 27 години. Тоа значи дека ќе треба да прекинете со повеќе од 37% од сите ваши партнери што ќе ги имате во животот. Треба да одберете некој кој ќе биде подобар од сите претходни. Во природата, оваа стратегија ја применуваат одредени видови риби.

Дали навистина вреди да барате љубов?

Истражувањата покажале дека луѓето во нивните 40-ти години ја гледаат љубовта како нешто што им овозможува силно чувство на задоволство. Моќта и парите се на второ и трето место.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар