Најцврстите љубовни врски се оние во кои едниот партнер е логичар, а другиот емотивец
Различни луѓе реагираат различно во иста ситуација. Ова посебно се однесува кога треба да се соочиме со некои тешкотии во нашиот професионален и приватен живот. Се верува дека љубовните двојки во кои и двајцата партнери размислуваат и се однесуваат на различен начин, полесно ги надминуваат пречките во животот и остануваат заедно подолго време за разлика од оние кои се слични.
Дали ова е вистина? Ако е, зошто е тоа така? Луѓето се непредвидливи. Може колку сакате да се обидувате да ги разберете, да погодувате како се чувствуваат, да размислувате како можете да им помогнете, и пак на крајот ќе погрешите. Се чини дека ниту еден човек да не е постојан во своето однесување. Но, секој поединец мора да донесува одлуки врз основа на нешто, нели?
Луѓето може да се поделат во две категории…
Логичари: Оние кои донесуваат одлуки врз основа на логичната и објективната вистина, откако внимателно ги согледале сите позитивни и негативни работи.
Емотивци: Оние кои донесуваат одлуки врз основа на нивните чувства и интуиција, и кои размислуваат како тие ќе влијаат на самите нив и на нивните блиски.
Поентата е дека најсреќните љубовни парови се оние кои вклучуваат логичар и емотивец. Секако дека не постои совршена двојка и секој треба самиот да си одлучи со кого ќе биде во врска. Двајца логичари и двајца емотивци би можеле да живеат заедно среќно до крајот на животот. Зошто да не? Меѓутоа, на логичарот полесно му е да живее и да се сложува со емотивецот, токму поради тоа што и двајцата се многу различни. Секој од нив ќе има различен пристап кон истиот проблем, со што автоматски се зголемува можноста за решавање на истиот. Да ја согледаме оваа констатација преку примери…
Логичарите ги земаат предвид фактите, а емотивците чувствата
На почетокот од врската, логичарот ќе направи проценка на сите факти: Социјалниот статус, финансиските можности, неговото слободното време и дали воопшто му е потребна врска во моментот.
Емотивецот прави проценка на неговите чувства. Дури и целата објективна реалност да е против врската, емотивците се подготвени да направат сè за да бидат среќни во љубовта. Повеќето врски почнуваат токму благодарение на емотивците!
Логичарите ги забележуваат надворешните знаци дека нешто не е во ред, а емотивците едноставно го чувствуваат тоа
Логичарите сфаќаат дека врската не оди баш најдобро кога ќе видат цврст доказ за тоа, како на пример кога ќе го видат партнерот како флертува со некој друг или кога ќе видат дека добива пораки од типот „Кога ќе те видам? Те бакнувам“.
Емотивците ги забележуваат промените во говорот на телото и тонот на гласот. Тие едноставно чувствуваат дека нешто не е во ред, без да имаат каков било доказ. Емотивецот е првиот кој ќе каже гласно дека има проблем во врската.
Логичарите прво ги гледаат лошите работи, а емотивците добрите
Секој пар ќе мора да се соочи со некои тешкотии порано или подоцна. Меѓутоа, ако и двајцата партнери ги гледаат само лошите работи, тогаш нема што понатаму да се дискутира.
Кога логичарот се откажал и почнал да го гледа само негативното во врската, чувството зема замав и почнува да ги бара позитивните работи, причините зошто тие мора да останат заедно.
Кога во врската едниот е логичар, а другиот емотивец, има големи шанси дека нивната врска ќе ја истрае кризата. Кога сè уште не дошло до директен конфликт, емотивецот ќе остане до неговиот сакан по секоја цена.
За логичарите конфликтот е нешто природно, за емотивците тоа е крај на светот
Логичарите признаваат дека конфликтот е проблем кој треба да се реши. Но, емотивецот секоја караница ја доживува како катастрофа. Тие ќе страдаат и ќе се плашат сè додека повторно не се воспостави хармонија. Според нив, таа мора да биде воспоставена по секоја цена.
Логичарите ги решаваат конфликтите, а емотивците гледаат да избегаат од нив. Ако дојде до караница, логичарите се тие кои ќе го вратат мирот во врската.
Логичарите ги решаваат проблемите, а емотивците чекаат на нив да го направат тоа
Доколку логичарите препознаат дека има проблем, тие почнуваат да дејствуваат за да го решат. Веднаш купуваат цвеќиња, чоколади или даваат комплименти.
Емотивците не се ни обидуваат да преземат нешто додека не помине тоа ужасно чувство на страв и болка еднаш засекогаш. Токму затоа секогаш има некој кој дава подароци и некој кој ги добива.
Логичарите сакаат да доминираат, емотивците имаат потреба да бидат сакани
Логичарите веднаш прифаќаат одговорност, тие немаат проблем со тоа и се чувствуваат изгубени кога немаат контрола во врската.
Емотивците, пак, го прифаќаат тоа без проблем и подеднакво се чувствуваат изгубени ако не ја добиваат грижата и вниманието што им требаат. Совет за логичарите: Ако забележите дека партнерот делува вознемирено, гушкајте го почесто.
Логичарите сакаат да разберат зошто нешто се случува, емотивците сакаат да разберат зошто тоа им се случува баш ним
Кога ќе дојде до конфликт, логичарите се стремат да дојдат до коренот на проблемот. Тие сакаат да разберат што точно тргнало наопаку во нивната врска. Дали нивниот партнер направил нешто? Или, пак, тие сè уште се соочуваат со последиците од претходната врска?
Емотивците размислуваат што не е во ред со нив. Тие сакаат да дознаат што направиле за да го оддалечат партнерот од себе, и најважно им е да разберат каде лежи нивната грешка во целата ситуација.
Логичарите ќе се обидат да имаат конструктивен разговор иако тоа би можело да доведе до раскинување, додека емотивците едноставно ќе седат и ќе размислуваат за себе.
Логичарите ја бараат вистината, емотивците можат да прогледаат низ прсти ако тоа е потребно
Логичарите се секогаш искрени и со другите и со самите себеси. Ако сфатат дека погрешиле, ќе го признаат тоа без двоумење.
Емотивците не сакаат секогаш да ја знаат вистината. Понекогаш тие повеќе претпочитаат бели лаги, а и тие самите се подготвени да подлажуваат за да ја одржат врската стабилна.
Сè на сè, кога двајца логичари ќе решат дека подобро е да не бидат заедно, а двајца емотивци ќе се испокараат, логичарот и емотивецот ќе ги соберат остатоците и повторно ќе ги состават во една нераскинлива целина. Најважна е способноста на парот да ги преживее кризните периоди во врската, а двојката со различен начин на размислување и однесување има поголеми шанси да ги преброди истите.