Начинот на кој води љубов открива дали е заљубен
Треба да знаете неколку работи за да можете да откриете дали вашето момче е заљубено во вас или не, и тоа само врз основа на неговото однесување во кревет.
Начинот на кој мажите водат љубов зависи од нивните чувства. Тоа значи дека начинот на кој се однесува во спалната соба и трудот кој го вложува во жешки игри со вас може да откријат колку всушност тој е загреан за вас.
А доколку сѐ уште не сте сигурни до кој степен е затрескан во вас и дали воопшто е, погледнете ги знаците кои јасно укажуваат дека без сомневање тој е заљубен до уши во вас.
Ве бакнува често и долго
Бакнежите за мажите се многу интимен чин. Затоа, тоа е еден од првите знаци кој покажува дека тој интензивно размислува за долгорочна врска и дека ве гледа вас покрај себе во својата иднина. Ве бакнува почесто и подолго од порано – сака да ви даде до знаење дека многу му се допаѓате и дека сака да биде со вас.
Посветен е во сексот
Момчето кое само сака да ужива во сексот, а не и во врската, нема премногу да се труди околу предиграта и времето кое обично ѝ е потребно на жената за да се возбуди како што треба. Но, кога му е грижа за личноста со која го дели креветот, ќе се потруди и до најситните детали да бидете задоволни од сексот и да почувствувате колку му е нему тоа важно.
Сака да ви задоволи
Уште еден знак на заљубеност е кога ве прашува што сакате во сексот и ве слуша што му кажувате. Мажите кои се во врска само заради забава немаат потреба да разговараат со партнерката за нејзините тајни желби и фантазии, ниту пак да се милуваат после сексуалниот чин.
Секогаш е внимателен и великодушен
Доколку е внимателен и великодушен љубовник, не само првите неколку пати, туку поголемиот дел од времето, тоа е затоа што е заинтересиран и сака однос кој е повеќе од сексуален. Токму затоа се обидува да сфати што ви е важно, кои се вашите ерогени зони и како да се чувствувате што подобро кога сте покрај него.
Опуштен е и свој
Кога е опуштен, расположен и не брза никаде по интимните моменти, тоа е солиден знак дека е заљубен или се заљубува. Од истите причини нема да се труди постојано да ве импресионира и да ви покажува колку е совршен во сѐ.
Малите работи се важни
По малите детали како што се вечера со свеќи или нов парфем, ќе забележите колку се труди да сфатите дека му се допаѓате и дека му е грижа за вас. Исто така, ќе ви каже дека би сакал да се дружите со пријателите или да одите на кратко патување. Машко кое сака афера и малку добра забава никогаш не би ве вклучил до тој степен во својот живот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.