На оваа температура коронавирусот исчезнува за 5 минути: Докажано во ново истражување!
Новиот коронавирус е најактивен на температури околу 4 ᵒС, а умира на околу 70 ᵒС за околу 5 минути, според студијата на научниците од Универзитетот во Хонг Конг, пренесува Итар тас.
На 4 ᵒС, вирусот може да живее скоро 2 недели, додека на температура од 70 ᵒС тој умира за само 5 минути, според медицинската студија објавена на medrxiv.org.
На температура од 22 степени короната е активна 7 дена, на 37 степени не повеќе од 2 дена, додека на температура од 56 степени може да живее 30 минути.
Научниците исто така ја испитале одржливоста на вирусот на различни површини, а откриено е дека тој останува на површината на медицинската маска 1 недела, на собна температура и влажност од 65 %.
На хартија, вирусот опстојува нешто помалку од 3 часа, на дрво и текстил не повеќе од 2 дена, на стакло нешто помалку од 4 дена, додека на челик и пластика 1 недела.
Можеби сакате да прочитате и во кој случај носењето маска e повеќе штетно отколку корисно?