На кој од овие 5 начини флертувате вие?

На кој од овие 5 начини флертувате вие?

Истражувачи на Универзитетот Канзас направиле студија во која ги испитувале различните начини на комуникација и поврзаноста меѓу нив, а потоа од нив извлекле пет различни стилови кои се користат при флертувањето. Моделот кој секој од нас го користи зависи од начинот на кој ги испраќаме вербалните и невербалните пораки, а тие може да ни откријат на кој од овие пет начини флертуваме.

1-Na-koj-od-ovie-5-nachini-flertuvate-vie-www.kafepauza.mk_

1. Физички

Луѓето кои флертуваат на физички начин повеќе користат говор на телото отколку што даваат комплименти. Попрво би разговарале со некого на некое место каде што има многу луѓе отколку некаде на само.

2. Традиционален

Тие веруваат дека мажите се оние кои треба да го направат првиот чекор, а жените треба да бидат повеќе пасивни. И мажите и жените кои флертуваат на овој начин го користат отворениот став на телото, со тоа што мажите зборуваат, а жените делуваат посрамежливо.

3. Срдечен

Флертуваат така што откриваат дел по дел од себеси, фокусирани се на соговорникот/соговорничката и многу малку гестикулираат. Жените кои флертуваат на ваков начин постојано се смешкаат, но тоа го прават повлечено и срамежливо.

4. Љубезен

Се обидуваат да бидат љубезни и затоа тешко е да се забележи кога сакаат да флертуваат. Покажувајќи почит, тие оставаат поголем простор на соговорникот/соговорничката, а тонот им останува постојано ист.

5. Игрив

Сакаат да флертуваат и тогаш кога не им е дојдено до романса. Тие флертуваат само за да флертуваат. Не се срамат да кажат што било и често се служат со допири.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар