На кој начин СМС пораките го најавуваат крајот на врската?

На кој начин СМС пораките го најавуваат крајот на врската?

Понекогаш на едниот партнер му е потребна мала пауза, одредено дистанцирање и желба некое време да поминува во друштво на пријателите, членовите на семејството или едноставно за да се занимава со некое хоби. Дали секогаш е изводливо да се биде јасен и директен?

На кој начин СМС пораката го најавува крајот на врската?

Психолозите велат дека желбата за прекин на врската – привремена или трајна – може да се препознае по промените во стилот на пишување на СМС-пораките.

Во овие пораки обично поретки се прекарите, слатките зборови и бројните симболи со кои порано сте си разменувале виртуелни бакнежи, прегратки и насмеани лица.

Текстот покажува дека е испратен повеќе како обврска, а не од задоволство.

Првиот знак е дека пораките стануваат сè пократки

Сите се различни, но кај повеќето луѓе кога ќе се појави потреба да се оддалечат од партнерот или кога сакаат да ја прекинат врската, тоа се покажува преку избегнување на долгите разговори и долгорочните договори и планови.

Пораките покажуваат намалена заинтересираност

На прашањето „како си“, се одговара со „добро“, а нема дополнително прашање од типот: „како помина денес на состанокот“. Секако, треба да се земе предвид дека можеби партнерот е зафатен тој ден, но ако ова се повторува од ден за ден, време е за „сериозен разговор“.

Рутинскиот редослед на испраќањето пораки се менува

Секогаш кога ќе се случи нешто важно, може да е тоа расправија со родителите или унапредување на работа, обично таа информација сакаме да ја споделиме со најблиските.

Ако партнерот сè повеќе и почесто се потпира на пријателите и ако прво со нив ги споделува возбудливите вести тоа може да биде знак дека квалитетот на љубовната врска многу опаднал.

Затоа, ако ви стигне порака: „моите веќе знаат“, вреди да се запрашате дали приоритетот на известување е променет случајно или пак претставува несвесен знак за нешто посериозно.

Тоа не значи дека секоја промена од овој вид истовремено треба да ја доживувате како аларм, но убаво е да се има на ум дека самиот прекин на врската е многу тежок и овие суптилни сигнали можат да го олеснат процесот.

Прочитајте ги и овие едноставни начини за да покажете дека навистина се трудите во вашата врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар