На кои работи треба да се сетите секогаш кога ќе помислите дека не сте доволно вредни?

На кои работи треба да се сетите секогаш кога ќе помислите дека не сте доволно вредни?

Дали некогаш сте се почувствувале дека не сте доволно добри? Тоа е сосема нормално, но во тој случај треба да имате неколку нешта на ум кои ќе ве натераат да верувате дека заслужувате многу повеќе. Во продолжение прочитајте за што станува збор.

На кои работи треба да се сетите секогаш кога ќе помислите дека не сте доволно вредни?

1. Вашите лузни се вашиот доказ

Без разлика дали се физички или емотивни, вашите лузни се доказ дека сте доживеале одредени нешта. Тие се сведоштво за тоа колку сте биле силни и колку напорно сте се бореле во текот на животот. Затоа, имајте ги предвид секогаш кога ќе помислите дека вие не сте доволно вредни.

2. Никој не е ист како вас

Луѓето можат да ве омаловажат и да направат да се чувствувате безвредно и бескорисно, но никогаш нема да можат да бидат како вас. Тие никогаш нема да можат да ве заменат.

3. Секогаш можете повторно да се обидете

Неуспесите се само мали пречки. Тие се потсетници кои ќе ви помогнат повторно да се фокусирате и да го преиспитате начинот на кој се справувате со предизвиците. Така, тие се знаци кои можат да ве предупредат доколку одите пребрзо или пребавно на патот кон своите цели. Сепак, и покрај нив, запомнете дека секогаш можете одново да се обидете.

4. Доволни сте за вистинските луѓе

Секогаш сте доволни за оние кои се свесни за вашата вредност. Без разлика низ што сте поминале или низ што ќе поминете во иднина, тие луѓе секогаш ќе ве гледаат со почит.

5. Вие сте способни

Вие сте способни да преживеете и да ги остварите вашите сништа. Навистина, понекогаш заборавате колку сте силни сè додека тоа не биде единствениот избор кој ви преостанува.

6. Работете на личниот развој

Пред да почнете да се грижите за работите врз кои немате контрола обидете се да поработите на личниот развој. Дали причината поради која не верувате во себе е фактот дека не се сакате доволно себеси? Обидете се да се прифатите такви какви што сте.

7. Губењето работи/луѓе понекогаш може да претставува добивка

Понекогаш сметаме дека никогаш нема да бидеме доволно добри особено откако сме изгубиле нешто што сме сметале дека е вредно за нас. Но, на крајот заклучуваме дека токму таквото искуство нè направило посилни.

8. Сè уште сте тука

Запомнете дека сè уште сте тука и дека сè уште дишете и покрај сите бури и премрежиња.

Откако ги прочитавте нашите совети за што треба да правите секогаш кога сметате дека не сте доволно вредни, можеби ќе сакате да прочитате и од кои работи нè лишува недостатокот на самодоверба.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар