Мозаичен маникир со светкави рабови

Мозаичен маникир со светкави рабови

Маникирот кој ви го предлагаме изгледа слатко и паметно истовремено. Воедно нуди многу можности за експериментирање со формите и боите и прилагодување на мозаикот според моменталната инспирација на оние со четкичките во рака. Ви посакуваме трпение и успех за овој маникир. Делува тешко изводлив, но со постапката објаснета чекор по чекор, нема да имате проблем да го изведете и потоа да се воодушевувате на вашите нокти.

Мозаичен маникир со светкави рабови

Потребно ви е:
  • Црвен лак
  • Лак со костенлива боја
  • Розов лак
  • Син лак
  • Лак со златни светки и тенка четкичка
  • Проѕирен лак за финиш

Можете да користите лакови во секакви бои, но треба да внимавате оние за погорните слоеви да бидат непроѕирни за да можат да ги прекријат подолните слоеви. Исто така, за овој маникир добро би ви дошла помош од асистент.

ЧЕКОР 1: Нанесете еден слој црвен лак на сите нокти и почекајте да се исуши.

Мозаичен маникир со светкави рабови

ЧЕКОР 2: Потоа нанесете од костенливиот лак во различни аглести форми. Па така, обојте еден агол на еден нокт, а на друг нанесете лак во форма на триаголник во средината на ноктот. Сите нокти нека бидат обоени во различни форми. Не грижете се ако рабовите не ви излегуваат рамни, бидејќи тоа ќе се поправи со лакот со светки. Доколку има потреба, откако ќе се исуши првиот слој, додадете уште еден и почекајте и тој да се исуши.

Мозаичен маникир со светкави рабови

ЧЕКОР 3: Сега со розовиот лак направете комплементарни аглести форми како со костенливиот. Нанесете на сите нокти и почекајте да се исуши.

Мозаичен маникир со светкави рабови

ЧЕКОР 4: На крај повторете го истото и со синиот лак.

Мозаичен маникир со светкави рабови

ЧЕКОР 5: Со тенката четкичка нанесете од светкавиот лак по рабовите на секоја боја повлекувајќи лесни еднакви потези. Можете да повторувате повеќе пати додека да бидете задоволни од густината на светките, секако со паузи за засушување на секој слој.

Мозаичен маникир со светкави рабови

ЧЕКОР 6: Кога ноктите ќе се исушат, нанесете и проѕирен лак за финиширање (top coat) и почекајте и тој да се исуши.

Мозаичен маникир со светкави рабови

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар