Претходно
Монте торта: рецепт за кој нема да ви треба рерната
Трислојна кремаста Монте торта која само чека да ја послужите со шолја попладневно кафе
Потребни состојки:
- Бисквити
- 1 л млеко
- 100 г скробно брашно
- 100 г шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 125 г путер
- 500 мл слатка павлака
- 200 г чоколадо
- Малку рум
Начин на подготовка:
- На дното на помала тава за печење наредете еден ред бисквити и премачкајте ги со малку млеко помешано со рум.
- За првиот кремаст слој, најпрво ставете го млекото да се загрее и додајте малку рум. Во друг сад измешајте ги шеќерот и брашното со малку ладно млеко за да добиете мазна густа смеса. Кога млекото ќе зоврие, додајте ја оваа смеса и варете на тивко мешајќи постојано околу 2 минути. Во жешката смеса додајте го и путерот и прелијте го добиениот крем врз бисквитите.
- За чоколадниот слој, на слаба температура загрејте ја слатката павлака во која треба да е ставено и чоколадото исечкано на парчиња. Кога чоколадото ќе се стопи, прелијте го врз колачот. Ставете го колачот во фрижидер да се излади и уживајте во лесниот кремаст десерт.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.