Моќта на бадемите – совршен сојузник во секоја диета
Една рака бадеми на ден е совршена ужина која ќе ве засити и ќе ве заштити од многу болести. Овој високопротеински оброк го потиснува и го залажува апетитот и е одличен за здравјето на срцето.
Бадемите се преполни со монозаситени масти и витамин Е, кои штитат од лошите влијанија на УВ-зраците и Алцхамеровата блосет, тврдат дури 6 неодамна презентирани студии.
За оние со ризик од дијабетес, бадемите на дневна база го регулираат нивото на глукоза во крвта.
Тие се исто така богати со минерали кои им помагаат на нашите коски да бидат јаки, а магнезиумот е важен за мускулите и за нервите, и плус го регулира крвниот притисок.
За кожата, тука се групата флавоноиди кои се антиоксиданси и го подобруваат ефектот на витаминот Е заради што изгледаме младолико.
Едно истражување кое го водел д-р Керол О’Нил од Универзитетот во Луизијана во кое бил вклучен импресивен примерок од 24.0808 возрасни луѓе, потврдило дека со редовно внесување на бадеми доаѓа до подобрување на нашата психолошка состојба.
Занимливо е и тоа што со умерено конзумирањње на бадеми, учесниците во истражувањето не се дебелееле. Диетата со бадеми по 6 недели ја намалила масата околу стомакот и количината на сало.
Прелиминарните резултати тврдат дека грицкањето бадеми ја намалува количината на масти во телото што доведува до намалување на ризикот од метаболички синдром, со што автоматски се намалува шансата за срцеви болести и останати заболувања на крвните садови.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.