Моќните жени никогаш нема да го изгубат своето „јас“ поради маж

Моќните жени никогаш нема да го изгубат своето „јас“ поради маж

Што се случува кога една девојка дозволува партнерот целосно да го окупира нејзиниот живот? Таа исчезнува од нејзиниот социјален живот, постојано се прашува каде води врската, сопствените обврски ги става на последно место и подготвена е да се откаже од сѐ само за него. Пријателите тоа го знаат, но молчат, а таа одрекува дека ова се случува.

Моќните жени никогаш нема да го изгубат своето „јас“ поради маж

Тој можеби ви се чини како најдоброто нешто што ви се случило, но постои разлика помеѓу тоа да се биде заљубен и тоа да се има контрола на заљубеноста. Доколку се пронајдовте во гореспоменатата ситуација, вие не ги држите работите под контрола и време е да ја воспоставите вашата власт.

Доколку тој навистина се грижи за вас, ќе ви го докажува тоа на многу поочигледен начин од повремените пораки што ви ги праќа. Нема да ве натера да се запрашате дали тој сака сериозна врска со вас. Вистина е дека кога станува збор за љубовните врски, дел од забавата е неизвесноста и постојаното освојување, но треба да препознаете кога тоа целосно се претворило во игра, а вие не победувате.

Сите сме го имале тоа чувство на возбуда кога ни се јавил или ни пишал порака, но и чувството на анксиозност кога не се држел до неговиот збор и ги прекршил ветувањата. И тогаш во главата почнуваат да ви се вртат следниве прашања: „Не ми пиша денес, зошто ми се нема јавено неколку дена? Што ако изгубил интерес?“.

Навистина тешко се спречуваат овие мисли да завладеат со умот и да влијаат на вашите постапки. Но, кога ќе забележите дека тоа ви се случува, треба да застанете пред огледало и да си кажете: „Ја гледаш оваа моќна жена? Тоа е единствената личност за која треба да се грижиш“.

Имајте го ова на ум секогаш кога ќе се почувствувате несигурно, кога ќе ви се јави сомнеж или ќе се загрижите за некој друг. Дури и кога сте сигурни дека партнерот е навистина заинтересиран за вас, важно е да имате сопствен живот. Моќните жени не дозволуваат да го изгубат своето „јас“ или да се променат поради некого. Тие се грижат најпрво за себе, а ако некој сака да им се придружи во животната авантура, тоа е само бонус.

После сѐ, кој ќе биде тука за вас откако сте ги запоставиле сите блиски луѓе во вашиот живот поради љубовната врска? Пријателствата и врските со другите луѓе што ве опкружуваат се многу важни за вашата среќа и успех. Никогаш не можете да знаете кога ќе ѝ дојде крајот на љубовната врска и ако дојде до тоа треба да имате некој до вас кој ќе ви помогне да го пребродите тешкиот период по раскинувањето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар