Моќни двојки од храна

Моќни двојки од храна

Нештата се најубави кога одат во пар. Ист е и случајот со овошјата и зеленчуците. Кога ќе се спојат во една комбинација, даваат здравје, витамини и позитивни вибрации. За енергија, против ПМС или за помека кожа, вие одберете кој ќе биде вашиот витамински пар.

За повеќе енергија:

Моќни двојки

Наут + црвени пиперки

Во просек, една од пет жени се жали на недостиг на енергија. Но, јадејќи храна со железо, таа може да се надополни. Наутот е досаден ако се јаде самостојно, па затоа во комбинација со црвени пиперки кои се преполни со витамин Ц, се одличен пар. Испечете неколку црвени пиперки додека го правите најпознатиот сос од наут, хумус.

За подобар вид:

Моќни двојки

Спанаќ + авокадо

Спанаќот има лутеин и витамин А, што веднаш го прави одличен за очите. Авокадото пак, освен што ги има истите витамини како спанаќот, има и здрави маснотии кои му требаат на организмот. Кесадиљас или тако со фил од спанаќ и фета и сос гвакамоле, изборот е ваш.

За помалку болен ПМС:

Моќни двојки

Јајца + броколи

Ако секој месец имате болни периоди, тоа е затоа што нивото на калциум и витамин Д ви е пониско од 30 и 40 проценти, соодветно. Комбинацијата на овие два продукти малку ќе ја ублажи болката само затоа што броколите се преполни со калциум, а јајцата со витамин Д. Фритата од броколи е совршен избор за комбинација на овие производи.

За помека кожа:

Моќни двојки

Домати + маслиново масло

Ликопенот, моќниот антиоксиданс, најмногу се наоѓа во доматите и штити од штетните сончеви зраци. Освен тоа, помага вашата кожа да биде мека, што не значи дека треба да јадете едно кило домати секој ден за да го постигнете тој резултат. Маслиновото масло има здрави маснотии кои кожата ја прават мазна, со помалку брчки и го забавуваат нејзиното стареење. Комбинацијата на овие два продукти во италијанската кујна се нарекува: Салата Капрезе. Домати исечкани на кругови, моцарела, маслиново масло и неколку ливчиња босилек и вашата кожа ќе ви каже „благодарам“.

За подобро варење на храната:

Моќни двојки

Јогурт + ленено семе

Стомачното црево е домаќин на 400 разни видови бактерии, некои добри, некои лоши. Кога лошите бактерии ќе ги надвладеат добрите, тогаш доаѓа до проблеми со варењето на храната. Јогуртите се пријатели на дигестивниот систем и помагаат во стомачното црево да има што повеќе добри бактерии. За да опстанат пробиотиците, тие треба да се хранат со пребиотици – влакна кои се наоѓаат во ленот. Кога ќе се спојат заедно, тие овозможуваат здрав баланс во стомакот. Во вашиот јогут, попрскајте малку мелен лен или во овошен јогурт ставете неколку грубо истолчени семиња од лен. Одлично за здрав појадок.

За поздраво срце:

Моќни двојки

Овес + јаболко

Овесот има бета-глукан (влакна кои го намалуваат холестеролот) и авенантрамид (соединенија кои го штитат ЛДЛ-холестеролот од штетните слободни радикали). Тоа го прави овесот најдобар пријател на срцето. Јаболката пак, исто така штитат од штетните слободни радикали и имаат антиоксидансни соединенија. Во овесната каша која ќе ја јадете за појадок, ставете неколку парчиња исечкано и излупено јаболко. Ова е најдобриот начин за здрав и лесен појадок, препорачан од нутриционисти и доктори.

За посилен имунолошки систем:

Моќни двојки

Пилешко месо + сладок компир

Слаткиот компир е зеленчук кој се бори против инфекциите кои го напаѓаат организмот бидејќи е полн со витамн А. Но, без цинк кој го има во пилешкото, говедското и свинското месо, витаминот А не може да се донесе на вистинското место во организмот. Затоа, комбинацијата на овие два продукти и нивното претворање во бистра пилешка супа и печен сладок компир ќе го зајакнат вашиот слаб имунитет.

За превенција од рак:

Моќни двојки

Зелен чај + лимонов сок

Зелениот чај е број еден извор за борба против ракот. Доколку во него ставите неколку капки лимонов сок, ефектот е посигурен, а за уште подобри резултати, додадете и една лажичка шеќер.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар