Модните трендови од Лондонската недела на модата 2013

Модните трендови од Лондонската недела на модата 2013

Лондонската недела на модата, како и секогаш, предизвика лавина на реакции, наметнување нови трендови и задоволство на лицата на љубителите на модата. Иако лондонската треска заврши, ќе остане запаметено спектакуларното шоу, откачените текстури, нео-панк креациите и шаренилото од бои. Ова се 6 модни трендови од овогодишното лондонско модно шоу.

Панк во стилот на 21-ви век

Модните трендови од Лондонската недела на модата-2013

Со тесни мини здолништа, разни принтови и отпечатоци од слогани, панкот навистина се истакнуваше кај многу од моделите. Изгледот беше надополнет со луксузен накит и шпиц-обувки.

Огромни здолништа

Модните трендови од Лондонската недела на модата-2013

Повторно станува збор за враќање на еден моден тренд, но овој пат во сосема поинаков стил. Здолништата не се изработени од традиционални материјали, а изгледот е надополнет со џемпери и кошули, што отсликува еден многу порелаксиран стил.

Смело комбинирани бои

Модните трендови од Лондонската недела на модата-2013

Внесете бои во вашиот плакар! Смелото комбинирање на бои е во тренд, ставете цела палета од бои на вас, или комбинирајте ги обувките со палтото. Целта е да привлечете внимание со бои кои се истакнуваат.

Висок сјај

Модните трендови од Лондонската недела на модата-2013

Огромен тренд за наредната есен, ПВЦ-кожа. Какво било парче облека, фустан, капут, здолниште… Ваквиот изглед со сигурност привлече внимание како нов моден тренд.

Графички плетки

Модните трендови од Лондонската недела на модата-2013

Ваквата храбра текстура е добредојдена во вашиот плакар. Плетените текстури се во комбинација со сосема спротивни принтови и дизајни.

Ролки

Модните трендови од Лондонската недела на модата-2013

Меѓу многуте работи кои прават камбек се и ролките. Не само што наесен ќе треба да внимавате да ви биде топло на вратот, ролките се секси и женствени. Не секогаш тоа што е премногу разголено е секси, некогаш е токму обратното.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар