Модните блогерки советуваат: Едноставни начини да ги освежите дневните модни комбинации

Модните блогерки советуваат: Едноставни начини да ги освежите дневните модни комбинации

На сите ни е добро познато дека секојдневните маки започнуваат со првите утрински сончеви зраци. „Што да облечам денес?“ е прашањето кое без сомнение секое утро мачи милиони жени ширум светот. Но, како што се ближи пролетта, така сите ние почнуваме да размислуваме за промена на секојдневните модни комбинации, бидејќи благодарение на сонцето можеме полесно да се облекуваме, па ова само дополнително го отежнува утринското прашање за облеката.

(1) Модните блогерки советуваат: Едноставни начини да ги освежите дневните модни комбинации

Токму затоа и модните блогерки решиле да остават неколку едноставни совети, со кои ќе ви помогнат секој ден да изгледате опуштено, додека истовремено сте и стилски облечени без да губите многу време во одбирањето на парчињата облека. За оние кои сакаат подолго да спијат и ја немаат моќта за спонтано облекување во раните утрински часови, следуваат неколку совети кои ќе ви го олеснат модниот избор.

Ако видите некоја инспиративна, а едноставна дневна комбинација, зачувајте ја така што ќе ја фотографирате или едноставно ќе ги запишете оние парчиња облека кои ви се допаѓаат, а кои сè уште ги немате во вашиот гардеробер.

(2) Модните блогерки советуваат: Едноставни начини да ги освежите дневните модни комбинации

Ако сте успеале да составите модна комбинација која навистина ви се допаѓа и совршено ви прилега, можете и понатаму да ја повторите со неколку минимални измени (марама, чанта, каиш, чевли…), па фотографирајте ја за да не ја заборавите.

(3) Модните блогерки советуваат: Едноставни начини да ги освежите дневните модни комбинации

Каде можете на едно место да пронајдете секојдневна инспирација и да ги сочувате сите оние аутфити кои ви се допаѓаат? Одговорот е Пинтерест! Станува збор за социјална мрежа која овозможува инспирација за сите сфери во животот, особено во модната.

(4) Модните блогерки советуваат: Едноставни начини да ги освежите дневните модни комбинации

Кога ќе легнете да спиете, во моментите пред да заспиете, наместо да го мачите вашиот мозок со секојдневните проблеми, одморете го така што ќе размислите што би можеле да носите наредниот ден. Така ем ќе имате подготвен аутфит за утрото, ем полесно ќе заспиете.

Обидете се овие корисни совети да ги претворите во дневна рутина, бидејќи тие ќе ви помогнат да си заштедите време и да си го олесните секојдневниот живот, особено во текот на раните утрински часови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар