Модна транзиција: носете ја летната облека во есен

Модна транзиција: носете ја летната облека во есен

Колку и да ни е тешко да признаеме, летото полека си заминува, и иако некои од нас сѐ уште се печат на топлите плажи, набрзо ќе треба да се прилагодиме на есенското време. За девојките е тешко да се откажат од сите кул аксесоари, маички и фустанчиња во весели бои и дезени, па еве неколку модни трикови како да продолжите да ги комбинирате, барем на почетокот на есента.Модна транзиција: носете ја летната облека во есен

Мора да имате пар црни хулахопки

Ова парче облека ви е неопходно за да ја направите полесна транзицијата кон есента. Тие се совршени за комбинирање со сѐ што имате, како летни здолништа, фустани или шорцеви, особено ако се во потемни бои.

Имајте ги во различни дебелини за да можете да си го прилагодите изгледот на временската состојба. Алтернативно можете да комбинирате доколенки кои одат одлично со летните фустани.Модна транзиција: носете ја летната облека во есен

Мешајте летни бои со есенски нијанси

Дочекајте ја есента полесно мешајќи ги светлите летни бои со типичните топли есенски нијанси како портокалова, сенф боја, кафеава и црвена. Исто така, можете да додадете и парче со животински принт.Модна транзиција: носете ја летната облека во есен

Облекувајте се во слоеви

Кога ќе настапат постудените денови, обично сакаме да се чувствуваме удобно и топло во нашата облека, па облекувајќи се во слоеви ќе можете совршено да ги искористите летните маички и здолништа.

Но запомнете, кога облекувате слој врз слој, секогаш треба да ви биде истакната вашата женствена фигура, така што еден дел од телото ќе го оставите само делумно покриен или пак ќе ја потенцирате вашата линија со помош на ремени и прилепена облека.Модна транзиција: носете ја летната облека во есен

Додадете марама

Марамата е совршениот моден додаток. Таа е вашата најдобра пријателка за премин од една во друга сезона и одлично го надополнува изгледот. Изберете голема и долга марама која можете да ја носите како шал за супер удобност и екстра топлина. Бесконечните марами се сѐ уште ин, па можете убаво да ги искомбинирате со маичка со кратки ракави или со топ без ракави.Модна транзиција: носете ја летната облека во есен

Комбинирајте со џемперчиња

Плетените волнени џемперчиња се очигледен додаток на летната облека во есен. Може да се комбинираат со летни фустанчиња, долги фустани или со маички и секогаш ќе даваат удобен и шик изглед. Може да се носи широк модел или врзан со ремен за поженствен изглед.Модна транзиција: носете ја летната облека во есенЕве неколку модни комбинации кои прикажуваат како да се применат овие модни трикови во практика.

Макси фустан + црно капутче + штикли + плик чанта + висечки обетки + кожна алка

Модна транзиција: носете ја летната облека во есен

Тексас шорц + војничка јакна + хулахопки + обична маичка + моторџиски чизми + едноставна алка

Модна транзиција: носете ја летната облека во есен

Летен фустан + црни хулахопки + црно палтенце + неонски чевли + голема чанта + кожна алка

(9) Модна транзиција: носете ја летната облека во есен


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар