Модна препорака: Како да го носите цветниот дизајн оваа есен?

Модна препорака: Како да го носите цветниот дизајн оваа есен?

Дојде есента, но тоа не значи дека некои летни трендови станаа минато. На пример, цветниот дизајн. Иако тој асоцира на пролет, лето, на светли и јаки бои и целата таа разиграна и весела атмосфера што воопшто не личи на есен, сепак и тоа како може да се носи и во текот на наредните месеци. Еве како…

1-modna-preporaka-kako-da-go-nosite-cvetniot-print-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_

Најнапред, во согласност со есенските бои, одберете го оној цветен дизајн што е во потемни нијанси за да изгледа повеќе „есенски“. Бордо, темно виолетово, кафеава и други топли, темни нијанси како и проверените црно-бели комбинации, може да бидат вистинскиот избор за секоја прилика и за секоја доба од денот.

2-modna-preporaka-kako-da-go-nosite-cvetniot-print-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_

Потоа, направете го цветниот дизајн соодветен дури и за есен со едноставни есенски аксесоари – шешири, шалови и есенски чизми. Дури и ретро накитот во потемни нијанси, во согласност со она што сте го облекле, може одлично да ја „зачини“ вашата комбинација. На сето ова облечете симпатичен, тренди есенски капут или бунда и тоа е тоа.

3-modna-preporaka-kako-da-go-nosite-cvetniot-print-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_ 4-modna-preporaka-kako-da-go-nosite-cvetniot-print-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_

Не мора од глава до пети да се облечете во цветен дизајн. Доволно е да ги комбинирате вашите омилени едноставни комбинации, така што ќе ги освежите со сако или јакна со цветен дизајн. Тоа е доволно за вашиот стил да изгледа сосема поразлично и многу поефективно!

5-modna-preporaka-kako-da-go-nosite-cvetniot-print-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_

Суштината на секоја есенска комбинација е слоевитото облекување. Тоа е втората важна работа кога е облеката во прашаше, после есенските бои. Па така, без разлика што цветно ќе облечете на крај, само нека биде слоевито. Капут, кардиган, кошула, елек… Имате навистина голем избор.

6-modna-preporaka-kako-da-go-nosite-cvetniot-print-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_ 7-modna-preporaka-kako-da-go-nosite-cvetniot-print-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар