Модна инспирација: 3 уникатни комбинации што можете да ги „украдете“ од Џенифер Лопез
Изгледа дека Џенифер Лопез прави пауза од провокативните модни комбинации и се насочува кон парчиња облека што сите ние би можеле да ги комбинираме во нашиот дневен живот. Токму затоа и лесно можеме да ја искористиме оваа талентирана пејачка како извор на идеи за уникатна облека. Погледнете ги следните 3 уникатни модни комбинации коишто можете уште веднаш да ги „украдете“ од Џенифер Лопез и да се издвоите од останатите девојки околу вас.
1. Ретро дама
Ретро кошула, со црвена основа и цветен дезен во комбинација со бели, широки панталони е одлична идеја доколку сакате да внесете малку свежина во вашиот секојдневен изглед. Овој аутфит може да се надополни со црн каиш, чанта и сандали на вртоглаво високи потпетици кои максимално ќе ја издолжат вашата фигура.
2. Спортска девојка
Не е тајна дека неверојатното тело на Џенифер Лопез е резултат на интензивно вежбање, па ако и вие сте физички активни тогаш оваа модна комбинација може да биде одлична инспирација за вашиот спортски изглед. Горната, бела тренерка е комбинирана со хеланки со геометриски шари и белите патики.
3. Трендсетерка
Џенифер Лопез има висока самодоверба што ништо не може да ја сруши, па затоа и неретко одбира уникатни и храбри модни комбинации што ги вртат сите погледи кон неа. Овој пример го докажува токму тоа! Таа носи преголема кошула, со каиш – аутфит што често можете да го видите на неа, но овој пат е комбиниран со тексас чизми што ѝ даваат сосема необичен и смел изглед.
Би биле доволно храбри за нешто вакво или би се задржале на претходните два примера?
Погледнете ги и овие разиграни и секси едноделни костими за капење што би можеле да ги носите ова лето на плажа.