Модели на чевли што ќе владеат во 2019-та година

Модели на чевли што ќе владеат во 2019-та година

Модата како да станува поразиграна и покреативна. Изгледа дека мотото за 2019-та година ќе биде колку похрабро, толку подобро. Во зависност од моделите што се појавија на модните ревии на познатите брендови, погледнете кои видови чевли ќе доминираат во новата година.

Морски детали

Модели на чевли што ќе владеат во 2019-та година

Сите видови чевли за оваа година се украсени со мали морски детали како школки и морски ѕвезди. Овој дезен ќе го сретнете на сандали, чевли со високи потпетици и влечки.

Панделки

Модели на чевли што ќе владеат во 2019-та година

Можеби најслаткиот тренд за оваа година ќе бидат панделките на обувките. Без разлика дали ќе одберете панделка на задниот дел или напред, ќе го направите вистинскиот избор.

Принтови

Модели на чевли што ќе владеат во 2019-та година

Чевлите со шарени принтови доминираа на модните писти. Овој тренд ќе биде популарен бидејќи одговара на секој вид чевли – од патики, до чевли со високи потпетици.

Пердуви

Модели на чевли што ќе владеат во 2019-та година

Најгламурозниот тренд на листава се дефинитивно чевлите украсени со пердуви. Иако рамните чевли беа популарни, шоуто на модните писти го освоија високите чевли со пердуви.

ПВЦ

Модели на чевли што ќе владеат во 2019-та година

2000-тите повторно се враќаат со ПВЦ чевлите. Провидните обувки се појавија на многу модни ревии за колекции за 2019-та година, па подгответе ги стапалата за нив.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар