Мињон торта - богата торта со две глазури

Мињон торта – богата торта со две глазури

Погледнете го овој рецепт како да ја направите оваа торта со црна и бела глазура.

Мињон торта - богата торта со две глазури

Потребни состојки:

  • 12 јајца
  • 600 грама шеќер
  • 150 грама мелени ореви
  • 150 грама мелени бадеми
  • 150 грама мелени лешници
  • 3 лажици брашно
  • 1 чаша млеко
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 250 грама путер
  • 50 грама црно чоколадо

За глазура:

  • 100 грама црно чоколадо
  • 100 грама бело чоколадо
  • 6 лажици масло

Начин на подготовка:

За првата кора изматете 4 белки, постепено додавајќи 120 грама шеќер, а потоа внимателно измешајте 150 грама мелени ореви и 1 лажица брашно.

Ставете ја смесата во тава која претходно ќе ја премачкате со масло и ќе ја посипете со брашно или ќе ја обложите со хартија за печење. Печете на температура од 180 °С, околу 20 минути.

Направете ја втората кора на ист начин, но наместо ореви, се додаваат само лешници.

Третата кора е иста како претходните, наместо ореви се додаваат бадеми.

За филот изматете 12 жолчки со 240 грама шеќер, чаша млеко, ванилин шеќер и варете ја смесата додека не згусне.

Кога ќе се олади, додајте го путерот.

Поделете го филот на два дела и ставете 50 грама растопено чоколадо во едниот дел.

Филувајте ги корите со темен и светол фил, а потоа наизменично прелијте ја целата торта со црна и бела чоколадна глазура.

Погледнете го овој рецепт за плескавици од тиквички и сланина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар