Мини здолништата не ја напуштат сцената: Еве како да ги носите оваа сезона!
Доколку оваа сезона во работната, секојдневната или во некоја друга варијанта облечете мини здолниште, ќе го направите најдобриот моден избор. Токму мини здолништето е дневното парче кое на улиците на светските метрополи го облекоа многу трендсетерки, чиј стил служи како наша инспирација. Па затоа, погледнете на кои начини можете да го искомбинирате мини здолништето оваа сезона и „украдете“ некои од највпечатливите трикови.
Црното кожно мини здолниште е идеално за комбинирање со дневни парчиња со различни кроеви и бои, а ние ви предлагаме да го облечете со интересен, разнобоен џемпер и плитки чизми од превртена кожа.
Комбинацијата на крем и кафеава варијанта секогаш претставува совршен избор. Токму оваа дневна комбинација е идеална за вашиот работен стил, па не пропуштајте да ја испробате оваа сезона.
Зошто оваа сезона мини здолништето не би го облекле со интересент XXL џемпер, исто како што тоа го направи Кјара Ферањи?
Мини здолништето со висок струк во интересна комбинација од бои, одлично би стоело со темно жолта ролка и длабоки кафеави чизми. Направете ваква комбинација оваа сезона во работна или во која било друга варијанта и дефинитивно нема да погрешите.
Идеална кежул варијанта за оваа сезона е токму комбинацијата на мини здолниште, удобен џемпер и стилски рамни чизми.
Уште една одлична работна варијанта која го привлече нашето внимание е токму оваа комбинација: блејзер со два реда копчиња, мини здолниште со А крој и класични аксесоари.
Бидете забележани на секој чекор, а најдобар начин за да го постигнете тоа е оваа сезона да направите една ваква дневна модна комбинација. Ние се заљубивме во овој модел на мини здолниште, а вие?