Претходно
„Мимоза“ салата без шунка: Богато предјадење со јајца и сирење
Ова е навистина лесна за подготовка и вкусна салата која може да биде целосна замена на еден ваш оброк. Направете ја и уживајте во нејзиниот прекрасен вкус.
Потребни состојки:
- 4 големи компири
- 2 поголеми моркови
- 5-6 кисели краставички
- 200 г тврдо сирење по ваш избор
- 5 варени јајца
- 200 г мајонез
- бибер и сол
Начин на подготовка:
- Добро измијте ги компирите и морковите, а потоа сварете ги во солена вода.
- Оставете ги да се изладат, па излупете ги. Сварете ги и јајцата.
- Крупно изрендајте ги компирите и на чинија за сервирање формирајте го првиот слој салата со помош на вилушка.
- Премачкајте ги компирите со мајонез (ви требаат најмалку 2 лажици), а потоа изрендајте ги морковите и формирајте нов слој со вилушка. Прекријте го слојот со мајонез.
- Изрендајте ги ренданите кисели краставички ставете ги во сито и исцедете ја течноста, па нанесете го и слојот од краставички. Повторно премачкајте со мајонез.
- Повторете ги слоевите со компири и моркови, ставајќи помеѓу секој слој мајонез.
- Намесете уште еден слој кисели краставички и нанесете мајонез.
- Потоа изрендајте го сирењето и наросете го одозгора.
- Излупете ги јајцата и одделете ги белките и наредете ги преку салатата.
- Повторно премачкајте со мајонез, а потоа изрендајте ги жолчките, нанесете го и овој слој, па украсете со ливчиња магдонос.
- Оставете ја салатата добро да се излади во фрижидер.
Можеби сакате да научите и како се подготвува „Цезар салата“ со туна со детален процес на подготовка за почетници кои сакаат да готват!