Менструацијата е нормална, па затоа е време да престанете да се срамите за овие нешта!
Веќе е 2019 година, а жените сè уште се срамат да зборуваат отворено за некои работи. Секоја причина за срам поврзана со нивниот менструален циклус мора да прекине. Менструацијата е сосема нормална работа и еднаш месечното крвавење не може да биде спречено туку само одложено доколку земате контрацептивни таблети. Таа е знак дека вашето тело е здраво и дека сè функционира нормално. Никогаш не се срамете…
Да зборувате за вашиот циклус пред момците
Да бидеме искрени, многу е полесно да се зборува отворено пред пријателките отколку пред некој ваш пријател. Нема ништо срамно доколку кажете дека имате циклус, а реакцијата на момците треба да биде сосема нормална доколку тие барем малку се потрудат да ги разберат девојките.
Поради фактот дека користите влошки
Поради некои чудни причини постои некоја стигма околу користењето влошки наместо тампони. Некои жени знаат да кажат дека користењето влошки е „за мали девојчиња“. Секако дека ова не е точно. Влошките се за жени од секоја возраст, а посебно за оние кои не се чувствуваат удобно кога користат тампони. Се работи за потполно слободно право на избор што ќе се носи за време на циклус, а тоа не е нешто што другите треба да ги интересира.
Да ги криете вашите влошки
Навистина нема никаква потреба да ги криете ниту да се чувствувате засрамено кога ги купувате во маркетот или во најблиската продавница. Немојте да ги криете помеѓу рацете барајќи начини да не се гледаат. Менструацијата е нешто што не може да се контролира, ниту спречи, па затоа не вреди да се чувствувате засрамено поради нешто врз кое немате влијание.
Да се обидувате да бидете тивки кога употребувате влошка
Признаваме дека отворањето и нејзиното поставување на долната облека може да биде гласно. Уште погласно е кога се наоѓате во јавен тоалет заедно со некоја друга жена. Не мора да бидете премногу внимателни додека се одвиткува и да трошите плус една минута правејќи го сето тоа премногу бавно и тивко. Не треба да се извинувате никому за „шушкањето“ што го правите затоа што нема ништо срамно во тоа.
Поради болката што ја чувствувате
Вие не ја преувеличувате вашата болка. Некои жени имаат грчеви што болат толку силно што доведуваат до повраќање, па дури и до несвестица. Не се чувствувајте слаби поради неподносливоста на болката што ја имате еднаш месечно. Слободно лежете на креветот во чудни позиции додека се обидувате да се ослободите од стегањето во нозете и болката во грбот. Нема ништо чудно во тоа и кога градите се претерано сензитивни, а вие сакате тоа што побрзо да престане.
Вашите промени во расположението
Промената во расположението изразена преку плачење на нешто апсурдно или нервирање за нешто безначајно не треба да биде причина за чувствување срам. Тоа не е знак дека сте слаби или претерано чувствителни туку дека вашите хормони малку поинаку работат во тој период.
Дамката на креветот или на вашите панталони/долна облека
Менструацијата може да дојде во средината на ноќта и кога ќе се разбудите да видите дамка на вашите чаршави, пижами и долна облека. Ова е навистина непријатно. И не може да се спореди со мокрење во кревет, па не се будите затоа што сте се почувствувале влажни. Месечниот циклус доаѓа тивко и вие нема да забележите одма дека се случува и поради тоа не треба да ви биде воопшто срам. Тоа е само крв која некогаш знае да излезе малку подалеку од онаму каде што ѝ е местото.
Изјавата „имам добиено“
Како и да изјавите дека ви дошол месечниот циклус нема да згрешите и немојте да се чувствувате чудно. Нема потреба да користите медицински термини, туку кажете го тоа како што најмногу ви одговара. Секако нема потреба да се оправдувате некому поради тоа што крвавите.
Прочитајте ги и овие 25 помалку познати факти за менструацијата.